Фото: Unsplash

Чоколадни коцки со путер од кикиритки

Путерот од кикирики е дефинитивно најпознатиот намаз од јаткасти плодови, а според многумина и највкусниот. Сосема очекувано, како и главната суровина од која се добива – кикириките, така и овој намаз има извонредни позитивни ефекти врз нашето здравје. Често се користи како здрава и хранлива замена за калоричните чоколадни намази, како додаток во овошни каши, но сè почесто е главна состојка во многу десерти.

Состојки:

– 350 г. путер од кикирики
– 170 г мелени посни бисквити
– 200 г. шеќер во прав
– 225 г. маргарин
– 250 г. посно чоколадо

Подготовка:

Во сад со средна големина измешајте ги маргаринот, мелените бисквити, шеќерот во прав и 250 грама од путерот од кикирики. Мешајте додека не се соедини смесата и потоа нанесете ја во плех за печење обложен со хартија. Притиснете ја смесата за рамномерно да се распореди. На пареа растопете го чоколадото со 100 грама путер од кикирики и мешајте додека не се соедини смесата. Прелијте врз слојот од путерот од кикирики и кекс. Оставете да се стегне преливот и изладете во фрижидер и исечете на коцки.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот