фото: EPA-EFE/Nigel Roddis

Членот на Управниот одбор на Хатајспор, Озат: Кристијан Атсу сè уште не е пронајден

Повеќе светски медиуми, некои од нив со детали, објавија дека Кристијан Атсу, фудбалерот на турскиот клуб Хатајспор е пронајден жив под урнатините предизвикани од земјотресот што неколку часа претходно ги погоди југот на Турција и Сирија.

Веста дури ја потврдија и од клубот на играчот, но сега доаѓа информација дека играчот од Гана сè уште е заробен во урнатините. Атсу за време на земјотресот бил во зграда со директорот на клубот Танер Савут, а откако се урнал тие останале заробени и сè уште се сметаат за исчезнати.

Информацијата ја потврди тренерот на Хатајспор, поранешниот репрезентативен голман Волкан Демирел кој ги замоли медиумите да не објауваат дека преживеал без да се биде сигурен дека преживеал.

– Луѓето имаат семејства, страдаат и болката се влошува. Немаме информации за Ацу или Танер Савут. Јас лично ќе ве известам штом ќе дознаеме нешто – се зборовите на Демирел за „Спорт Арена“.

И членот на Управниот одбор на Хатајспор Мустафа Озат исто така доби информација дека Атсу е извлечен од урнатините. Но, досегашните информации укажуваат дека фудбалерот и Танер Савут и натаму се под урнатините. И клупскиот доктор Губреј Кахвечи тврди дека немаат вести за Атсу.

– Добив информација дека Кристијан Атсу е спасен од урнатините, но тоа не беше точно. Истата информација ја дадов и на медиумите, но во моментов добиените информации се дека Атсу и Танер Савут се под урнатините – вели Озат.

Според амбасадорот на Гана во Турција, нема податоци дека Кристијан Атсу бил спасен по проверки од различни болници. Неговиот клуб вели дека станува збор за погрешен идентитет.

Атсу кариерата ја започна во Порто, а во 2013 година потпиша за Челси. Четири години беше член на лондонскиот клуб, но немаше ниту еден официјален настап. По позајмиците во Витесе, Евертон, Бурнмаут и Малага, крилниот напаѓач се насели во Њукасл, чиј дрес го носеше од 2016 до 2021 година. Откако минатата сезона ја помина во Ал Раед од Саудиска Арабија, оваа сезона потпиша за Хатајспор. За репрезентацијата на Гана настапи 60 пати и постигна 10 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот