
„Чкембари“ загрижени за ситуацијата во Пелистер: Време е за одговорност!
Eкипата на Пелистер минува низ период на лоши резултати што донесе незадоволство кај навивачите кои се огласија со соопштение на социјалните мрежи.
Препорачано
Популарните „Чкембари“ објавија соопштение во кое изразуваат загриженост за ситуацијата во која се наоѓа клубот, но и бараат одговорност пред ситуацијата да стане посериозна.
На табелата Пелистер се наоѓа на осмата позиција со два бода повеќе од Брера која е прва во опасната зона.
„Ние како навивачи на ФК Пелистер и воедно како граѓани на Општина Битола, која е 100% сопственик на Фк Пелистер, имаме право да побараме одговори а и да ја повикаме Општина Битола да побара одговорност кај тие што се најодговорни за состојбите и приликите во Фк Пелистер.
Оваа сезона, ФК Пелистер НЕ ИГРА НИШТО! Посебно загрижува општиот впечаток дека во вториот дел сме уште послаби од првиот дел на сезоната. Народски кажано, од лошо полошо. Бараме одговор, кој е задолжен за долгата листа на ПРОМАШЕНИ засилувања кој се доведени во нашиот клуб? Дел од нив, донесени се со повреди или па месеци неактивни пред нивното доаѓање во Битола.
Почитувана Општина Битола, грдни пари од буџетот на нашиот град влевате во Фк Пелистер. РЕЗУЛТАТИТЕ кој се испорачуваат НЕ ГИ ОПРАВДУВААТ СРЕДСТВАТА! Бараме како граѓани на овој град и како сопственици на Фк Пелистер преку нашата општина, ДА ПОБАРАТЕ ОДГОВОРНОСТ за моменталната ситуацијата во клубот. После серијата лоши резултати, Фк Пелистер не е во најдобра состојба. Реагирајте на време пред ѓаволот да ја однеси шегата! Знаете дека се знаеме што се случува во и околу клубот, не реагиравме досега, но време е за барање на одговори!”“, стои во соопштението на Пелистер.
Реакцијата на Пелистер доаѓа откако тимот запиша три порази во низа.