меган маркл
Фото: Profimedia

Чичкото на Меган Маркл: Таа е арогантна и препотентна жена!

Војвотката од Сасекс Меган Маркл (38) во кралското семејство е позната како таа која сака да ги крши правилата, но не се согласува добро ни со сопственото семејство. Откако имаше скандал со татако ѝ Томас (75) и полусестрата, Меган се осамостои и сега во своето семејство ги вбројува само роднините на сопругот Хери (35) и својата мајка Дорија (63).

Сега се огласи и чичкото на Меган, Мајк Маркл (80), поранешен влијателен американски дипломат. Тој се огласи за неговата внука и изјави дека таа се однесува како дива затоа што нејзиниот татко од кој сега се откажува, ја третирал како принцеза. Мајк смета дека војвотката е размазена, препотентна и пред се арогантна жена која со своето однесување покажува колку е недорасната за улогата во која се најде, пишува Daily Mail.

Profimedia

„Меган се дигна на друштвената скала и не остави позади себе. Тоа се случува кога доаѓате од работничка класа и имате комплекс на пониска вредност. Таа очајнички сака многу повеќе да се издигне од своето семејство“, рекол тој.

Исто така, Мајк на војвотката ѝ средил врски за нејзиното стажирање во Аргентина со кое се гордее. Благодарение на своето влијание можел да и помогне на својата внука да стане американска политичарка, што како млада девојка го сакала. Признал дека целото семејство од секогаш знаело дека Меган е размазена и тврдоглава личност која секогаш сака се да биде по нејзино. Поради тоа не го чудат шушкањата за нејзината „војна“ со Кејт Мидлтон (37).

Тој додал дека војвотката е незрела за своите години и дека тука нема помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот