Фото: Илустрација

Четворица повредени во сообраќајка во Скопје

Синоќа во 22.15 часот било пријавено дека на крстосница на булеварот „Никола Карев” и улицата „Прохор Пчински” се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко  возило „гранд чироки”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(33), патничко возило „шкода”, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(46) и двајца пешаци Ќ.А.(44) и малолетничка, сите од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот