Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Четворица повредени во сообраќајка во Скопје

Четири лица, од кои две малолетни, се потешко повредени синоќа при судир на две возила во Скопје. Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа што се случи синоќа во 22.45 часот на улица „Христо Батанџиев“, при судир помеѓу патничко возило „пасат“, управувано од Д.Т. (30), и патничко возило „голф“, управувано од И.Б. (37), при што со тешки телесни повреди се здобиле четири лица – Г.Б. (35), сопатник во возилото „голф”, како и И.Б. и двете малолетни деца – негови сопатници.

Повредените Г.Б. и И.Б. биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, додека двете малолетни лица во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На лице место извршен бил увид од екипа од СВР – Скопје.

ФОТО: Тешка сообраќајка во Карпош 2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот