Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Гостивар / фото: Гостивар Прес

Четворица од повредените во сообраќајката на патот Гостивар-Кичево се пренесени во Скопје

Четири лица кои се здобиле со потешки повреди во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на Новоселски гробишта, се пренесени на Клиничкиот Центар во Скопје. Останатите лица се згрижени и им е укажана лекарска грижа.

Во сообраќајната несреќа, повредени се вкупно седуммина, а едно лице го загуби животот.

„Непосредно по сообраќајката организиран е тим од медицински персонал кој ги прими повредените во ообраќајната несреќа. Тројца, поради сериозноста на повредите и не во животозагрозувачка состојба, се испратени на скопските клиники. Набрзо за Скопје е испратен уште еден пациент, а останатите тројца коишто биле донесени на Урегентното одделение се медицински згрижени“,изјави за МИА директорот на гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, Јакуп Јакупи.

Меѓу полесно повредените, според болнички извори, е и осудениот во случајот „Рекет” Зоран Милески – Кичеец, кој затворска казна ја издржува во затворот во Струга.

Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, за МИА изјави дека осудениот Зоран Милески Кичеец, на негово барање, бил на прекин на казната од 11 август до 11 септември поради болест на неговата мајка.

Според информациите на СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила денеска околу 15 часот и 30 минути.

Во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила: џип „мерцедес”, патничко возило „бмв” и камионет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот