
Четири совети што да кажете и како да му помогнете на пријателот кој тагува
Кога некој што го сакате поминува низ тежок период, сè што треба да знаете е како да се однесувате во тие моменти. Во овие тешки ситуации треба да бидете многу внимателни затоа што дури и со најдобра намера, можете ненамерно да ја повредите личноста, да ја потсетите на она што можеби се обидува да го заборави … Според психолозите, еве како треба да се однесувате во нивно присуство:
Препорачано
1. Внимавајте на вашите зборови
Сите сакаме да ја охрабриме личноста што тагува, но понекогаш со најдобра може да кажеме нешто што повредува. Немојте да ги користите фразите „времето ги лекува сите рани“, „којзнае зошто е тоа добро“, „размислувај за позитивни работи“, „не се нервирај“, „Знам како се чувствуваш“ и слично. Не можете да знаете како се чувствуваат ако вие не сте го поминале истото … А и да сте го поминале, сепак не можете да го знаете интензитетот на болката што ја чувствува личноста наспроти вас.
2. Кажете им дека секогаш сте тука да ги поддржите
Бидете искрени дека можеби не ги знаете вистинските одговори на нивните прашања, но нека знаат дека сте тука за нив. Не мора секогаш да го кажувате она што тие сакаат да го слушнат, но можете да понудите други начини да помогнете. Ако ве гледаат како свое засолниште, тоа значи дека ви веруваат. Кажете им дека сте тука за нив, дека можат да ви се јават кога сакаат … Да молчите заедно.
3. Бидете внимателни со содржината што ја споделувате на социјалните мрежи
Можеби имате одличен ден и сакате да го споделите со другите. Нема ништо лошо во тоа. Меѓутоа, личноста која страда не сака да гледа дека, додека плаче, некој друг е среќен, дека му се случуваат големи работи … Ова може да предизвика лавина од емоции, можеби да предизвика уште поголема вознемиреност … Ако навистина не можете, а да не ја споделите вашата среќа со сите, тогаш барем привремено спречете го вашиот пријател да ја види објавата. Тоа не е предавство, тоа е само начин да се грижите за него.
4. Грижете се за нив
Покажете дека се грижите за нив. Секој сака внимание. Сепак, внимавајте на прашањата што ги поставувате. Избегнувајте да ги потсетувате на нивната траума. На пример, не кажувајте: „Дали сè уште се плашиш?“ или „Дали сè уште е болно?“ Почекајте додека не бидат подготвени да зборуваат за тоа. Понекогаш е доволно само да прашате како се. И бидете задоволни со тоа што ќе ви го кажат, не инсистирајте да зборуваат ако не им се допаѓа да зборуваат. Можете исто така да им ја исчистите куќата, да подготвите оброк, да го прошетате нивното дете или куче …