
Четири работи кои вашите раце можат веднаш да ги откријат за вашето здравје
Рацете кажуваат многу за здравјето, особено кога со нив се случува нешто необично. Нивниот изглед може да открие различни знаци кои ќе ја олеснат дијагнозата и ќе откријат некои од следниве симптоми на болеста.
Препорачано
Симптом: Црвен осип или плускавци
Црвениот осип на раката или зглобот, може да биде знак за алергија на никел. Чувствителноста на никел е една од најчестите причини за алергиски контактен дерматитис. Многу предмети што ја допираат кожата содржат никел: алки, часовници, прстени, дури и мобилни телефони. Сепак, осипот може да се развие и од храна која содржи никел, како што е грав, чоколадо, кикирики, соја и овесна каша.
Симптом: Вкочанетост или отрпнување на рацете
Кај младите, здрави луѓе, причината за трпки во рацете веројатно е синдромот на карпален тунел. Многу луѓе чувствуваат отрпнување на рацете или вкочанетост во текот на ноќта бидејќи спијат со свиткани зглобови. Овој начин на спиење врши притисок врз медијалниот нерв кој се протега од рачниот зглоб до раката. Можно е привремено да се почувствува отрпнување во прстите доколку лицето хипервентилира поради загриженост. Но, ако постои сомневање за нешто друго, лекарот може да одреди ЕМГ (електромиограм) за да открие можно оштетување на нервите или мускулите. Важно е да се нагласи дека секој ненадеен напад на вкочанетост или слабост на рацете секогаш треба да поттикне загриженост поради можен мозочен удар.
Симптом: Треперење на рацете
Понекогаш треперењето на рацете не е сериозен проблем, а понекогаш е знак за невролошка болест. Рацете на сите по малку ни треперат, а тоа може да се забележи при прецизна работа како вденување конец во игла. Тоа се нарекува физиолошки тремор и се јавува при недостаток на сон, прекумерно консумирање кофеин, земање одредени лекови и консумирање алкохол.
Друг тип на тремор, неволно, ритмичко, наизменично или осцилаторно движење на неповрзани мускулни групи, се нарекува есенцијален тремор и предизвикува тресење на рацете и дланките. Често е наследно во семејствата и е присутно за време на активности како што е јадење. Но, постои и тремор поврзан со болест. На пример, кај Паркинсоновата болест, треперењето на рацете вклучува само една рака или треморот е поистакнат во едната рака и се јавува кога раката мирува.
Симптом: Виолетови испакнатини на прстите
Кај пациент со болни, црвени или виолетови испакнатини на врвовите на прстите (наречени Ослерови јазли), најчеста дијагноза е ендокардитис – бактериска инфекција на срцевите залистоци. Ендокардитисот може да предизвика и крварење под кожата на дланките, оставајќи виолетови или кафени дамки, како и крварење под ноктот или во кожата во близина на ноктот.