Фото: EPA/CARLO FERRARO

Четири бесценети совети на еден од најголемите актери во историјата на филмот: Ентони Хопкинс денеска полни 87 години

Сер Филип Ентони Хопкинс е познат филмски, телевизиски и сценски актер, роден на 31 декември 1937. Хопкинс се смета за еден од најголемите и најпознатите глумци во историјата на филмот, а најпознат е по улогата на серискиот убиец Ханибал Лектор во култниот филм „Кога јагнињата ќе стивнат“ и неговото продолжение „Ханибал“.

Ентони сè уште е еден од најактивните актери кои максимално уживаат во својата работа. На социјалните мрежи често можеме да видиме кратки видеа од неговото секојдневие. На нив тој танцува, се смее и ужива во животот, а ние ви пренесуваме 4 совети од овој одличен актер како да се живее животот до максимум.

„Играв канибал само 16 минути и ми дадоа Оскар. На овој настан гледам како на прекрасно недоразбирање, но разбирам дека не е важно кој и колку игра, важно е како игра“, изјави актерот.

Ентони за среќата вели:

„Првиот успех не се изразува во титули и награди, не во пари и слава, туку во правење само она што ја радува вашата душа.

Игнорирај ги сите тие планови, мисии, управување со времето – сите тие американски работи немаат никаква врска со реалниот живот. Само уживајте во секој ден и ќе имате среќа во животот“.

Хопкинс за односите со луѓето:

„Во никој случај не треба да си дозволите да сакате некого повеќе отколку што се сакате себеси“.

Звучи како себичност, но не е. Човек кој се фрла пред нозете на друг никогаш не може да биде среќен. Во врска или брак, ако една личност се жртвува премногу, не е среќна.

Сетете се само на една древна кинеска поговорка: „Никој нема да се чувствува добро покрај вас ако се чувствувате лошо за себе“.

За губењето време Ентони вели:

„Не губете време објаснувајќи, луѓето сепак ќе го слушнат она што сакаат да го слушнат“.

И не само на објаснувања, не губете време на дискусии, приговори, тврдења … На крајот на краиштата, кој сака нешто, ќе најде начин. Оној што не сака, ќе најде изговори …

За смислата на животот, Ентони вели:

„Не го трошете животот барајќи ја вистината. Живејте и уживајте во животот без да го преиспитувате“.

Луѓето имаат милион прашања, удирајќи ги главите во ѕид за да дојдат до решение, но се што треба да направите е да чекате трпеливо. Не обвинувајте никого. Не барајте ништо.

Самиот живот ќе покаже зошто ве вртеше како боздоган во рацете на гимнастичарот, зошто толку долго те држеше во темнина. Се ќе ви стане јасно со тек на време. Треба само да почекате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот