Чешкиот премиер Бабиш повторно под кривичен прогон

Чешкиот Врховен обвинител Павел Земан денеска нареди повторно да продолжи прекинатата кривична пријава против чешкиот премиер Андреј Бабиш заради наводни махинации со донации од два милиона евра од Европската унија за неговиот Конференциски центар и фармата „Родино гнездо”.
Надлежниот обвинител првично лошо ги проценил доказите на полицијата и во септември недоволно образложил зошто  истрагата беше прекината.
Поради тоа што фармата „Родино гнездо” била наменски издвоена од неговиот концерн „Агроферт” за да добие европски дотации за мали претпријатија, а по периодот на контрола од пет години повторно е вратена во матичниот агро и хемиски концерн „Агроферт”, кривичната истрага сега повторно се отвора против премиерот и една од менаџерките на фирмата, додека обвинителот Земан го потврди прекинувањето на истрагата против сопругата на премиерот Моника Бабишова и неговите две деца од првиот брак.
Полицијата, која по тригодишната истрага веќе предложи премиерот со доказите да оди на суд за махинации со донациите, на овој начин повторно истрагата ја доби во свои раце.

Ова е втор непријатен удар за чешкиот премиер во последните неколку дена, бидејќи од ЕК на крајот на минатата недела конечно стигна завршниот извештај на ревизорската истрага на ЕК за тоа дека Бабиш како тајкун во агросекторот и хемиската индустрија е во судир на интереси кога како премир има влијание врз поделбата на европски пари и дотации кои ги користи неговиот концерн „Агроферт”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот