Чешкиот хеликоптер „Блек хок“ ќе го гасне пожарот на планината Готен

Чешкиот хеликоптер „Блек хок“, кој синоќа пристигна на скопскиот аеродром, се очекува да полета кон планината Готен каде ќе се вклучи во гансењето на пожарот од беровска страна.

Екипажот рано утрово имал брифинг со старешини од Воздухопловниот ВИНГ на кој било утврдено дека најпогоден извор за полнење вода е вештачкото езеро Турија кое е оддалечено десетина километри воздушна линија од пожарот.

Покрај чешкиот „Блек хок“, во земјава пристигна и конвој од 61 пожарникар од Словенија со 18 возила. Меѓу нив, како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, има и специјални теренски возила со опрема за справување со шумски пожари.

Пожарот на планината Готен се смета за еден од потешките пожари.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, до седум часот утринава активни се три пожари, а пет се под контрола. Изгаснати се 20 пожари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот