Чешката иницијатива собра 1,6 милијарди евра воена помош за Украина

Иницијативата на Чешка за забрзување на испораката на оружје за Украина собра 1,6 милијарди евра, а првата достава ќе се случи за неколку дена, изјави синоќа чешкиот премиер Петр Фиала.

Тој истакна дека средствата се донирани од 15 земји-членки на Европска Унија и на НАТО, но не наведе детали.

Фиала го повтори ставот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека западните држави треба да ги укинат ограничувањата со кои на Украина и се забранува употреба на донираното оружје за напад врз руска територија.

На вчерашната средба во Прага учествуваа премиерот на Украина, на Холандија, на Летонија, Денис Шмихал, Марк Руте, Мете Фредериксен, Евика Силина и полскиот претседател Анджеј Дуда.

Во заедничката изјава објавено по состанокот се наведува дека со сегашното финансирање „се очекува да се обезбеди донација од половина милион парчиња артилериска муниција пред крајот на годината“.

Исто така е посочено дека иницијативата ќе продолжи сè додека е потребно.

Дуда најави дека Полска е подготвена да помогне во транспортот на муниција во соседна Украина како дел од чешката иницијатива. Додека Холандија соопшти дека ќе испорача делови од системот за воздушна одбрана „Патриот“ на Украина и дека е во разговори со други земји за составување на целосниот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот