Фото: Инстаграм/Варајети/Profimedia

Ченинг Тејтум проговори за разводот од славната актерка: „Тоа беше болна разделба, бевме премногу млади“

Холивудскиот актер Ченинг Тејтум откри детали за разводот од својата поранешна сопруга, актерката Џена Деван, со која ја имаат 12-годишната ќерка Еверли.

„Тоа е зад нас. Но навистина е тешко што не можам да ја гледам ќерка ми цело време. Би сакал да бидам покрај неа постојано“, изјави Тејтум за списанието „Варајети“.

Тејтум и Деван го финализираа разводот во септември 2024 година, по шест години судска борба. Бившите сопружници се договорија за заедничко правно и физичко старателство над Еверли.

Ченинг Тејтум и Џена Деван / Фото: RE/Westcom / StarMax / Profimedia

Постапката за развод била долга и тешка, а еден од спорните моменти била заработката на актерот од филмот „Магичниот Мајк“ (Magic Mike). И покрај тоа, денес двајцата тврдат дека се во добри односи.

„Џена и јас сега сме добро, но тоа беше болна разделба, особено затоа што бевме толку млади. Се трудевме да ја одржиме врската, се обидувавме година и пол, но знаевме дека е готово… Да не навлегувам сега во сè“, изјави актерот.

Ченинг Тејтум и Џена Деван / Фото: Can Nguyen / Capital pictures / Profimedia

По разделбата, и двајцата започнаа нови врски. Тејтум беше три години во врска со актерката Зои Кравиц, со која дури и се вери. Но тие раскинаа минатата година. Денес, Ченинг е во врска со манекенката Инка Вилијамс.

Џена Деван, пак, е свршена со актерот Стив Кази од 2020 година, а заедно имаат две деца – синот Калум и ќерката Ријанон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!