
Челзи се соочува со големи проблеми – Ма́реска ги предупреди уште летово
Проблемите во Челзи немаат крај, а пред октомвриската пауза тренерот Енцо Ма́реска се соочува со вистинска „болница“ во тимот – дури осум фудбалери се повредени.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Најголем удар е на стоперските позиции, бидејќи тројца централни дефанзивци се надвор од строј, а нова повреда заработи и Рис Џејмс, кој против Ливерпул мораше да игра во срцето на одбраната.
Од летово до крајот на сезоната надвор од терените е Леви Колвил, а токму тогаш Ма́реска побара од управата засилување во одбраната – но не беше послушан.
„Отсуството на Леви Колвил е голем удар за нас. За среќа, тогаш преодниот рок сè уште траеше, па имавме време да разгледаме опции“, рече тогаш Ма́реска.
Набрзо потоа, се повредија и Весли Фофана и Тосин Адарабојо, додека против Ливерпул теренот го напушти и Бенуа Бадијашил.
Во моментов, единствен здрав стопер е Трево Чалоба, кој штотуку ја одработи суспензијата по црвениот картон.
На листата на повредени се уште и Кол Палмер и Лијам Делап, кој ќе паузира до крајот на ноември.
Главниот проблем останува истиот – Челзи летово не го послуша Ма́реска и не донесе замена за Колвил, а сега тоа го чувствува на своја кожа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
54мин
-
3час
-
4час
-
5час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5