
Челси до крајот на преодниот рок планира да потроши дури 200 милиони евра за три засилувања
Англискиот премиерлигаш Челси кој заедно со Барселона се најактивните екипи во летниот преоден рок, планира да потроши уште 200 милиони евра за три засилувања кои доколку ги донесе ќе биде еден од најсериозните конкуренти за освојување на трофеите во Лигата на шампионите и во Премиер лигата.
Препорачано
Челси кој ова лето доби нов сопственик во американски конзорциум предводен од милијардерот Тод Боли, веќе потроши 150 милиони за ангажирање на Калиду Кулибали, Марк Кукуреља и Рахим Стерлинг, а подготви уште 200 милиони за Френки де Јонг, Пјер-Емерик Обамејанг Весли Фофана. За двоецот на Барселона, Челси планира да издвои 100 милиони евра, а истата сума сака да ја потроши и за дефанзвецот на Лестер.
Френки де Јонг засега нема намера да си оди од Барселона, не од спортски причини туку поради тоа што бара да му бидат исплатени 17 милиони евра кои каталонскиот тим му ги должи.
Холанѓанецот е гневен на управата на Барселона предводена од претседателот Жоан Лапорта кој на секој начин се обдува да се отараси од него за да ги испегна финансиските книги и да може да ги регистрира засилувањата што ги донесе ова лето.
Но, Челси не се откажува од Де Јонг, сопственикот Боли и менаџерот Томас Тухел разговарале со агентот на фудбалерот и го убедиле дека тој ќе има клучна улога во играта на екипата. За него, „сините“ се подготвени да издвојат 85 милиони евра и да му ја дадат платата што ја има во Барселона.
Во Челси сметаат дека 15 милиони евра ќе бидат доволни за да го убедат Лапорта да го продаде Обамејанг и со тоа би го решиле прашањето на напаѓач откако летово ги пуштија Тимо Вернер и Ромелу Лукаку. Продажбата на Де Јонг и Обамејанг ќе ги реши проблемите на Барселона со финансискиот фер-плеј на Ла Лига и поради тоа се очекува до крајот на преодниот рок да се реализираат трансферите.
Лестер ја одби и втората понуда на Челси за дефанзивецот Весли Фофана од 90 милиони евра, но „сините“ се подготвени да ја „кренат“ понудата за дополнителни 10 милиони и да ја комплетираат одбраната.