фото: EPA/FILIP SINGER

Чави Симонс пред трансфер во Челси – Холанѓанецот не тренираше во петокот со Лајпциг

Челси продолжува да работи на трансферот на Чави Симонс, преговорите со РБ Лајпциг влегуваат во одлучувачка фаза. Според информациите од Флоријан Платенберг, усмен договор помеѓу англискиот фудбалски клуб и холандскиот репрезентативец е практично постигнат, а чувството во таборот на Лондончани е дека договорот е блиску до реализација.

Трансфер специјалистот Фабрицио Романо додава дека Симонс го пропуштил последниот тренинг на Лајпциг во петокот и нема да биде достапен за пријателскиот натпревар против Аталанта во саботата. Иако недостасуваат официјални информации за неговата повреда, неговите постапки, вклучително и бришењето на информациите дека е играч на Лајпциг од Инстаграм, укажуваат на јасна намера да ја промени својата клупска припадност.

Челси е подготвен да испрати официјална понуда, но прво ќе мора да направат трансфери за да го избалансираат буџетот. Договорот за Симонс е одделен од интересот на клубот за Алехандро Гарначо од Манчестер јунајтед, но се спроведува паралелно.

Лајпциг, кој го потпиша офанзивниот играч за врска од Пари Сен Жермен пред една година за 50 милиони евра, бара околу 70 милиони евра, со цел значителна финансиска добивка.

Доколку трансферот се реализира, Симонс ќе стане осмото засилување на Челси ова лето, по Џејми Гитенс (Борусија Дортмунд), Лиам Делап (Брајтон), Естевао Вилијан (Палмеирас), Дарио Есугу (Спортинг), Мамаду Сар (Стразбур), Кендрик Паес (Индепендиенте дел Вале) и Јорел Хато (Ајакс). Клубот од Стемфорд Бриџ издвои речиси 250 милиони евра за овие трансфери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот