фото: EPA/FILIP SINGER

Чави Симонс од Лајпциг е новата желба на Челси

Најскапиот фудбалер на Лајпциг, Холанѓанецот Чави Симонс (22), е цел на Челси, и според сите извештаи, го очекува голем трансфер.

Германскиот клуб бара 70 милиони за услугите на Симонс, неговиот договор е до 2027 година, а доколку трансферот се реализира, тоа ќе биде трето големо купување на Челси во Лајпциг.

Холандскиот плејмејкер има 22 години, порасна во Барселона и Пари Сен Жермен, а првата вистинска шанса ја доби во ПСВ Ајндховен. ПСЖ го купи од Холанѓаните во летото 2023 година за само четири милиони евра, но тој не успеа да избори место во Париз, па затоа отиде во Лајпциг во 2023 година. Прво на позајмица, а од минатиот јануари „на неодредено време“, кога Ред Бул му плати 50 милиони евра и го задржа.

Тој одигра 76 натпревари во Лајпциг, постигна 21 гол и имаше 23 асистенции. Според италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо, Симонс сака да го напушти Лајпциг, но досега нема реална можност тоа да се случи.

Со оглед на тоа што Ред Бул нема да игра во Европа оваа сезона, логично е Холанѓанецот да сака да оди на поголема сцена. Претходно интерес за Симонс покажаа и Баерн Минхен и Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот