фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Чави подготвува чистка во јануари, и капитенот Бускетс на листата на отстрел

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, планира голема реконструкција на екипата во зимскиот преоден рок кога сака да се ослободи од 6-7 фудбалери кои што имаат мала минутажа или веќе го поминаа зенитот во кариерата.

Според каталонскиот весник „Ел Насионал“, на листата за отстрел се наоѓа дури и Серхио Бускетс кој по заминувањето на Лионел Меси во ПСЖ, ја доби капитенската лента. Бускетс целата кариера ја помина во каталонскиот тим, одигра 651 натпревар.

Весникот пишува дека најлогично е Бускетс во зимскиот преоден ред да потпише за Манчестер сити каде треба да биде замена за Фернандињо и повторно да работи со Пеп Гвардиола.

Освен Бускетс, во зимскиот преоден рок би можел да си замине и Жорди Алба зад кого се најдобрите години во кариерата, а извесно е дека на лето од Барселона да си замине и Жерар Пике кој самиот најави пензионирање од професионалниот фудбал.

Покрај тоа, на излезни врати од „Камп Ноу“ се наоѓаат Филипе Кутињо, Самуел Умтити, Клемен Ленгле, кои не добиваат шанса да играат, но исто така може да си заминат и стандардните Сержињо Дест и Френки де Јонг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот