Чави: Ја напуштам Барса со чиста совест – среќен сум, иако не ги остваривме целите годинава

Чави, тренерот на Барселона/фото: EPA-EFE/Marta Perez

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Чави Ернандез денеска изјави дека со чиста совест го напушта клубот, ден по објавувањето на отказот од таа функција.

– Совеста ми е чиста. Општо земено, среќен сум, направивме добра работа дури и ако не ги остваривме целите оваа година. Задоволен сум, благодарен – рече Чави на прес-конференцијата, пред последниот натпревар на клупата на Барселона против Севиља.

Претседателот на клубот Жоан Лапорта вчера го известил Чави дека нема да биде тренер во сезоната 2024/25.

Чави изјави дека е „горд на сработеното“ и покрај празната и генерално разочарувачка сезона, иако „не беше лесно поради ситуацијата во која се наоѓа клубот“, со оглед на тоа што финансиски сè уште е во минус.

Флик ќе биде новиот тренер на Барселона, познати и детали од договорот

Тој повтори дека е благодарен на Лапорта што му ја дале шансата да го тренира „клубот на неговиот живот“ и дека се надева дека ќе се врати еден ден, без разлика на позицијата.

– Тие ја донесоа оваа одлука мислејќи на клубот и на фактот дека му треба промена на насоката, јас само тоа можам да го прифатам и почитувам – изјави Чави.

Чави одигра 767 натпревари за Барселона во најдобриот период на клубот заедно со Лионел Меси и Андреас Иниеста. Тој меѓу другото освои осум титули во „Ла Лига“ и четири во Лигата на шампионите.

Според шпанскиот печат, на клупата на Барселона треба да го замени Ханси Флик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот