
Часовникот на Лијам Пејн сè уште го нема, жената која била со него пред неговата смрт тврди: „Ми вети дека ќе ми го даде Ролексот“
Музичарот Лијам Пејн почина на 16 октомври откако падна од балконот на третиот кат на хотел во Буенос Аирес. По неговата смрт e покрената истрага при што полицијата открила дека исчезнал часовникот на музичарот вреден 36.000 евра. Како што пренесува „Мирор“, часовникот наводно исчезнал откако жената со која минувал време пред неговата смрт се вратила во неговата хотелска соба.
Препорачано
Аргентинските медиуми објавија дека жената тврдела дека ја заборавила шминката во собата и дека ѝ било дозволено да се врати за да ја земе. Изворите велат дека часовникот на Лиам исто така исчезнал во тоа време.
На жената, како и на другата девојка која била со неа, Лијам наводно им ветил повеќе од 6.000 евра, но овие пари не ги добиле. Тие подоцна им кажале на обвинителите дека Пејн клекнал пред нив и им рекол дека ги сака. Тој, исто така, наводно им ветил дека ќе им го даде својот часовник Ролекс. Ситуацијата со двете жени подоцна се обидел да ја реши пријателот на Лиам, Роџер Норес, кој потоа пристигнал во хотелот, но заминал пред музичарот да почине.
Лијам носел часовник на раката на денот на неговата смрт, но не и во моментот на падот. Оттогаш никој не го видел часовникот.
„Знаеме, поради фотографиите што ги анализиравме, дека Пејн на денот на неговата смрт носел Ролекс. Го носеше на едната рака и го имаше најмалку два-три часа пред да умре“, изјавил детективот вклучен во случајот.
Полицијата извршила претрес во хотелската соба и домовите на неколку лица поврзани со случајот, како и домови поврзани со двете жени. Според медиумите, жените се третираат како сведоци, а не како обвинети, но неодамна ангажирале адвокати.
Аргентинската полиција уапси три лица за смртта на Лиам. Едно лице е уапсено поради напуштање и занемарување на лице кое резултирало со смрт, а обвинет е и за поседување дрога. Двајца вработени во хотелот се обвинети дека го снабдувале Лијам со дрога, чии траги биле пронајдени во неговото тело по неговата смрт.