фото Слободен печат

Чагороска: Предвидено е да се вакцинира и помлада група на пациенти со хронични болести

Жаклина Чагороска од Националниот електронски систем „Мој термин“ во емисијата 24 анализа рече дека во моментов се вакцинираат граѓаните во групата над 70 години и се надеваат дека таа граница ќе се поместува. Денешните бројки се 45 000 вакцинирани лица со првата доза и веќе се врши ревакцинација.

Секогаш информираме и за бројката на заинтересирани лица за вакцинација и денес бројката е над 190 000. Главните бројки се од сајтот вакцинација.мк. Има се уште количини од Астра Зенека и во тек е вакцинацијата со Фајзер и ги чекаме кинеските вакцини, најавени се дека ќе пристигнат на 28 април и на Фајзер и на вакцините Астра Зенека од ковакс системот, вели Чагороска.

Чагороска вели дека неточните броеви оставени во досието на пациентот, изминатиот период има помалку дојдени пациенти.

Ќе се понуди вакцината која е достапна во моментот. Предвидено е да се вакцинира и онаа помлада група на пациенти со хронични болести. За лицата кои се дома и не може да дојдат, како се пријавуваат, оди екипа дома и ги вакцинира.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот