Младен Чадиковски - новинар и претседател на ЗНМ / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Чадиковски и во наредните 4 години ќе биде на чело на ЗНМ

Младен Чадиковски и во наредните 4 години ќе го предводи Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Тој на Собранието што се одржа денеска во хотелот “Александар Палас” во Скопје, доби најмногу гласови од тројцата кандидати. На Чадиковски ова му е втор мандат на чело на ЗНМ.

Кандидати за претседателската функција во ЗНМ беа и новинарите Филијана Кока и Александар Николовски

На изборното Собрание на ЗНМ присуствуваа 456 медиумски работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот