Цар Фердинанд/Фото: Wikipedia/Dimitar Ruseyski — http://www.lostbulgaria.com/?p=474

Централниот регистар го одби барањето за регистрација на бугарското здружение „Цар Фердинанд“

Здружението на Бугари од Богданци, кое требаше да се регистрира под името „Цар Фердинанд“, официјално добило известување дека неговото барање за регистрација е одбиено од Централниот регистар.

Според образложението од Централниот регистар, тоа е направено поради „неотстранување на недостатоци“.

„Заклучокот се донесува поради тоа што поднесителот на пријавата во законски определениот рок, не ги отстрани недостатоците наведени во уредно доставеното известување од 12.10.2022 година“, се вели во одговорот.

Заклучокот на Централниот регистар доаѓа откако на крајот на октомври, Советодавното тело во Министерството за правда, кое ја разгледува употребата на имиња на историски личности при именувањето на граѓански здруженија и фондации, не даде согласност за користење на името „Цар Фердинанд“ за бугарскиот културен клуб во Богданци. Една недела подоцна, Собранието ги изгласа измените на Законот за здруженија и фондации, со кои бугарските здруженија регистрирани во земјава се обврзуваат да ги променат имињата.

Од бугарската фондација „Македонија“ која ги координира бугарските здруженија во Македонија најавија дека основачите и раководството на „Цар Фердинанд“ ќе поднесат жалба во законскиот рок, а судењето сигурно ќе стигне до Европскиот суд за човекови права и Македонија ќе биде осудена.

„Ќе има здружение Цар Фердинанд, макар поминале 10 години. Вечерва ќе го известиме Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и Амбасадата на Европската Унија во Скопје. Канцеларијата на нашиот адвокат, кој ја надгледува регистрацијата на здружението, е предмет на постојани проверки и закани од различни државни органи. На лесен или на потежок начин државата Северна Македонија ќе го признае правото на Бугарите во земјата да бидат државотворен народ!“, велат од фондација „Македонија“.

Падна одлука: Бугарскиот клуб во Богданци не може да се вика „Цар Фердинанд“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот