
Централата на „Форбс“ изразува загриженост за независноста на своите медиуми во Србија и регионот
Централата на „Форбс“ упати писмо до „Јунајтед Медиа“ и претставништвото на „Јунајтед Груп“ во Холандија и БЦ Партнерс, изразувајќи загриженост за заштитата на независноста на своето издание, а по вестите за преговорите меѓу претставниците на „Јунајтед Груп“ и српските власти, пренесува Н1.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во писмото се наведува дека се појавиле значителен број написи и коментари во медиуми кои наводно укажуваат на влијанието на српската влада врз „Јунајтед груп“, а особено врз телевизискиот канал Н1, кое „Форбс“ го смета ова за многу загрижувачко.
„Форбс Србија“ е лиценцирано издание на меѓународната групација „“Fорбс“, кое во Србија го издава „Адриа њуз сарл“, дел од „Јунајтед медиа“.
Неодамна, Проектот за известување за организиран криминал и корупција (ОЦЦРП) објави аудио снимка од телефонски разговор помеѓу директорот на „Јунајтед груп“ Стен Милер и директорот на „Телеком Србија“ Владимир Лучиќ, во кој тие разговарале и за отпуштањето на Александра Суботиќ, извршна директорка на „Јунајтед медиа“, која е сопственик на Н1.
„Тврдењата за политичко влијание врз независните медиуми не можат да се толерираат. Најважниот елемент на уредничките стандарди и политики на Форбс, кој е камен-темелник на уредничката рамка на Форбс уште од основањето на списанието пред повеќе од 100 години е уредничкиот интегритет и независност, што го бараме од сите наши носители на лиценци. Сите наводи за принуда во известувањето и известувањето од трети страни, вклучително и политички организации или поединци, без разлика дали се поврзани со Форбс Србија или со други публикации или медиумски куќи поврзани со носителот на лиценцата, ги кршат тие принципи и одредби од Договорот“, наведува „Форбс“.
Медиумот наведува дека внимателно ги следи не само содржините поврзани со „Форбс Србија“, туку и извештаите и наводите што доаѓаат од регионот во врска со Јунајтед Груп како целина“, се наведува во писмото потпишано од Ники Ковал, потпретседател и помошник генерален советник на „Форбс Медиа“, одговорен за меѓународно лиценцирање и проширување на брендот.
„Веруваме дека „Форбс Србија“ и „Јунајтед Груп“ и неговите акционери го делат етосот на Форбс и ќе се придржуваат до овие политики, како и до условите во договорот за лиценца. Меѓутоа, доколку „Форбс“ утврди дека постојат прекршувања на Договорот врз основа на такви дејствија или дека угледот на брендот „Форбс“ е оштетен, ние ќе ги сметаме таквите дејствија за прекршување на Договорот и ќе преземеме соодветни мерки“, се додава во писмото.