Теретана во Парк на франкофонија/ Фото: Општина Центар

Центарци ќе си ги зајакнуваат мускулите во теретана во Паркот на франкофонија

Теретана на отворено со 17 справи за вежбање е поставена во Паркот на франкофонија, создавајќи современо катче за здрав и активен живот.

Од Општина Центар велат дека фитнез зоната е поставена на барање на граѓаните, кои од денеска ќе можат да спортуваат на клупи за стомачни вежби, на висечки и паралелни шипки, вертикална решетка, боксерска вреќа и др.

Новата теретана е совршено место за вежбање и рекреација. Ваквите простори нудат тренинг на свеж воздух без потреба од членство или дополнителни трошоци. Верувам дека рекреативците и љубителите на спортот, од сите возрасти , ќе уживаат вежбајќи во преубавиот зелен амбиент на паркот,  рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Деновиве  ќе биде поставена и вештачка трева, што обезбедува удобна и безбедна површина за вежбање. Опремата е изработена од висококвалитетен материјал со заштитен премаз и прашкаста боја, што гарантира издржливост и отпорност на влага и атмосферски влијанија.

Просторот за вежбање е реализиран по предлог на граѓаните, во рамки на Маалските средби организирани од локалната самоуправа, а во согласност со општинските приоритети за промовирање на спортот и здравиот начин на живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот