Згради станови / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Цените на становите во БиХ многу растат, просечната цена за квадрат стигна до 1.450 евра

Пазарот на недвижности во Босна и Херцеговина (БиХ) продолжува да расте и покрај зголемувањето на цените на новите станови, се вели во извештајот на Агенцијата за статистика на БиХ. Просечната цена на продадените нови станови во третиот квартал од 2024 година изнесува околу 1.450 евра за метар квадратен, што претставува зголемување од 12,1 отсто во однос на минатата година, објави Индекс.хр.

Истовремено, споредено со истиот квартал лани, цените се повисоки за осум проценти. Агенцијата за статистика на БиХ наведува дека бројот на нови продадени станови продолжува да расте, што укажува на стабилна побарувачка и покрај сè повисоките цени.

Така, во третиот квартал од годинава се продадени вкупно 985 нови станови, што е за 3,4 отсто повеќе во однос на истиот период од 2023 година.

На годишно ниво, пазарот на недвижности покажува позитивен тренд, па така во првите три квартали од 2024 година бројот на продадени нови станови е зголемен за 5,1 отсто во однос на истиот период лани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот