Принцот од Врање, српскиот претставник на Евровизија / Фото: EPA-EFE/PETER SCHNEIDER

Цените на билетите за Евровизија отидоа до вселената: Ќе се шокирате кога ќе дознаете колку чини големото финале!

Првото полуфинале на Евровизија 2025 се одржува вечерва во швајцарскиот град Базел, а билетите чинат од 21,274 дeнари, додека цените за втората полуфинална вечер варирале од 16.787 до 21,274 дeнари.

Цените на билетите за финалето се движат од 25.733 до 60,248 дeнари, пишува К1.

Церемонијата за добредојде официјално ги започнува свеченостите за Евровизија 2025, полуфиналињата се закажани за 13 и 15 мај, а големото финале ќе се одржи на 17 мај во арената „Сент Јакобшале“ во Базел.

Во првото полуфинале, кое ќе се одржи на 13 мај ќе настапат Исланд, Полска, Словенија, Естонија, Шпанија, Украина, Шведска, Португалија, Норвешка, Белгија, Италија, Азербејџан, Сан Марино, Албанија, Холандија, Хрватска, Швајцарија, Кипар.

Во второто полуфинале, кое ќе се одржи на 15 мај, ќе настапат Австралија, Црна Гора, Ирска:, Латвија, Ерменија, Австрија, Обединето Кралство, Грција, Литванија, Малта, Грузија, Франција, Данска, Чешка, Луксембург, Израел, Германија, Србија, Финска.

Македонија и оваа година нема да учествува на Изборот на песна за Евровизија.

ФОТО | Еуфоријата во Базел започнува: Претставници на 37 земји прошетаа по најдолгиот тиркизен тепих во историјата на Евровизија

На Евровизија оваа година забранети ЛГБТК+, палестинските и „европските“ знамиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот