Цените на американските станици за горива ќе се зголемат поради проблемите на руските рафинерии

Цените на бензините за американските возачи би можеле да скокнат за дури 15 центи за галон, поради „затегнатите“ глобални резерви на гориво по неодамнешните напади на Украина врз руските рафинерии, сметаат експертите.

Зголемувањето на цената на бензините може да ја попречи борбата на американската влада против инфлацијата. Повисоките цени на пумпите веќе придонесоа за солиден скок на потрошувачките и производните цени во февруари.

Цените на моторните горива имаат тенденција да растат сезонски во овој период од годината бидејќи туристите тргнуваат по патиштата, а САД се префрлаат на поскап бензин во лето, пишува „Reuters“.

Оваа година, прекините во работењето на руските рафинерии би можеле да ги зголемат цените на бензиските пумпи во САД за дополнителни 5 до 15 центи за галон што е нова корекција на претходната априлска прогноза на „GasBuddy“ кој првично предвидуваше поскапување од 3,36 до 3,67 долари за галон.

Секој дополнителен шок во снабдувањето, како непланирани прекини во големите рафинерии во САД, може да ги поттикне домашните цени на бензинот на над 4 долари за галон за прв пат од 2022 година.

Според пресметките на Ројтерс, околу 14% од капацитетот за рафинирање на Русија е затворен поради напади со беспилотни летала, а земјата го забрани извозот на бензин на шест месеци додека го зголеми увозот од соседна Белорусија во март за да се реши можниот недостиг на гориво.

Рускиот извоз на чисти производи како бензин и дизел треба да се намали за 30% до 1,2 милиони барели дневно во април, според анализата на податоците за испорака.

Вкупните резерви на бензин во САД заклучно со 22 март изнесуваа 232,1 милиони барели, што е 1% пониско од просекот во последните пет години во овој период од годината.

Цените на бензинот на почетокот од неделава во просек изнесуваа 3,536 долари за галон на пумпите низ САД, што е за 6% повеќе од пред еден месец и 1% споредено со истиот период минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот