ФОТО: Во скопски Капиштец падна дрво како последица на силниот ветер
Во скопската населба Капиштец падна дрво како последица на силниот ветер кој го погоди главниот град. Паднатото дрво не предизвика посериозна штета. Како што претходно беше најавено, вечерва се очекува силно невреме со дожд и ветер.