ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред

Согласно одлуката на владина седница, утрешниот ден е неработен поради одржување на Претседателските и Парламентарните избори, а јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред. -Ве информираме дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а Жичницата нема да работи, соопштија од ЈСП. Дежурни од седум до 14 часот ќе бидат …

ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред Read More »

Аеродром денеска под посебен сообраќаен режим

Во Скопје денеска ќе се одржи централното одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција. Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција во периодот од 8 до 18 часот ќе биде воведен пособен сообраќаен режим во овој дел од градот. Затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ …

Аеродром денеска под посебен сообраќаен режим Read More »

По повод Денот на полицијата утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Во Скопје утре од 08 до 18 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одбележување на 7 Мај – денот на полицијата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој временски период затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“. Единицата …

По повод Денот на полицијата утре посебен сообраќаен режим во Скопје Read More »

Предизборно ,,чудо” – мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Во предизборниот период мостот Беласица е целосно пуштен за сообраќај и покрај едногодишните натегања меѓу ЕСМ и Град Скопје кој треба да ја заврши таа работа, објави Телма. Последно Град Скопје соопшти дека се чека ЕСМ да ги постави цевките за да може по Беласица да се вози во двете ленти. Но, и без цевките …

Предизборно ,,чудо” – мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај Read More »

Земјотрес ноќеска регистриран во Скопје

Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 01:39 часот во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од Скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава информира дека земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и дека е почуствуван од населението во Скопје и околината.

Во Скопје денеска посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот …

Во Скопје денеска посебен сообраќаен режим Read More »

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ …

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје Read More »

Работно време на паркиралиштата на ЈП ПОЦ за Велигденските празници

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Утре, во недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Од ЈП ПОЦ појаснуваат дека согласно програмата за неработни денови за 2024 година на Министерството за …

Работно време на паркиралиштата на ЈП ПОЦ за Велигденските празници Read More »

ФОТО: Пуштена во функција фонтаната „Воин на коњ“

Минатата недела се тргна искинатата церада од фонтаната „Воин на коњ“, а денеска конечно беше пуштена во функција. Минатата година фонтаната накратко беше пуштена во мај, а потоа повторно исклучена. Без вода го дочека и летото, кога од јавното претпријатие информираа дека е исклучена за да се исчисти од нечистотијата предизвикана од обилните дождови.

За велигденските празници ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред

За време на велигденските празници, односно од утре петок – 3 мај до понеделник 6 мај јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Како што информираат од ЈСП Скопје исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре ќе сообраќаат по саботен возен ред. …

За велигденските празници ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред Read More »