Папата им го честиташе Велигден на православните христијани

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска им го честиташе Велигден на православните христијани и верниците од источните цркви кои го слават според јулијанскиот календар, пренесе Ватикан њуз. – Со најтопли чувства упатувам честитки до браќата и сестрите од православните цркви и некои источни цркви кои денеска го слават Светиот Велигден според јулијанскиот календар. Нека …

Папата им го честиташе Велигден на православните христијани Read More »

Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228

Бројот на жртвите од поплавите што ја погодија Кенија поради обилните дождови се зголеми на 228, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на земјата. Дождовите кои предизвикаа големи поплави и лизгање на земјиштето низ земјата во последните недели се очекува месецов да се интензивираат. Поплавите уништија домови, патишта, мостови и друга инфраструктура низ најголемата економија …

Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228 Read More »

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата ќе ја продолжи војната во Појасот Газа додека не се постигнат сите цели и ја обвини палестинската милитантна група Хамас за застојот во преговорите за привремен прекин на огнот. – Капитулирањето пред барањата на Хамас би било ужасен пораз за државата Израел, рече Нетанјаху во видео порака објавена …

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа Read More »

Светска програма за храна на ОН: Луѓето во северниот дел на Појасот Газа се соочени со „целосно гладување“

Шефицата на Светската програма за храна на Обединетите нации (ОН), Синди Мекејн, предупреди дека луѓето во северниот дел на Појасот Газа сега се соочени со „целосно гладување“. Таа за ТВ мрежата NBC изјави дека е тешко за гледање и дека катастрофалната ситуација се шири кон југ. „Има гладување, целосно гладување на север и се шири …

Светска програма за храна на ОН: Луѓето во северниот дел на Појасот Газа се соочени со „целосно гладување“ Read More »

Турскиот министер Фидан повика на глобално муслиманско единство за поддршка на Палестинците

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека отпорот, како што наведе, на „израелската окупација“ повеќе не е војна меѓу Израел и Палестина, туку „борба меѓу угнетувачите и угнетените ширум светот“. Во обраќањето на 15-тиот самит на Организацијата за исламска соработка, што се одржува во Банџул, главниот град на Гамбија, Фидан рече дека ниту …

Турскиот министер Фидан повика на глобално муслиманско единство за поддршка на Палестинците Read More »

Израелската Влада одлучи да ги затвори претставништвата на Ал Џезира во Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата Влада едногласно одлучила да ги затвори локалните претставништва на катарската ТВ Ал Џезира. Одлуката Нетанјаху ја објави на платформата „Икс“, но последиците од таквиот чекор за таа телевизиска куќа и кога ќе стапи на сила, и дали е трајно или привремено затворена – се уште не се …

Израелската Влада одлучи да ги затвори претставништвата на Ал Џезира во Израел Read More »

Нема напредок во разговорите меѓу Хамас и Израел со посредниците во Каиро

Водачите на палестинската милитантна група Хамас не успеаја да постигнат напредок на вториот ден од разговорите во Каиро со посредниците од Египет и Катар за примирје со Израел и остануваат на барањето секој договор да вклучува крај на војната во Појасот Газа, соопштија палестинските власти. Неименуван палестински функционер запознаен со разговорите изјави дека делегација на …

Нема напредок во разговорите меѓу Хамас и Израел со посредниците во Каиро Read More »

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог – кој го има „украинското знаме на рамениците“ – ќе направи животот да ја победи смртта. „Да се …

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите Read More »

Возач загинал откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа

Возач загина синоќа откако со неговото возило удри во надворешната капија на Белата куќа, а случајот се истражува како сообраќајна несреќа и немало закана за резиденцијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, соопштија властите. Возачот бил пронајден мртов во возилото кое удрило во надворешната капија на Белата куќа, соопшти американската тајна служба. Полициската управа на Вашингтон …

Возач загинал откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа Read More »

Семејствата на заложниците го повикуваат Нетанјаху да обезбеди договор за примирје

Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица денеска на Денот на сеќавањето на Холокаустот, апелираше до премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху „да го игнорира целиот политички притисок“ и да се потсети на ветувањето „никогаш повеќе “ и да обезбеди договор за ослободување на Израелците земени како заложници во Газа. Од Форумот сметаат дека сега …

Семејствата на заложниците го повикуваат Нетанјаху да обезбеди договор за примирје Read More »