Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите. Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и …

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас Read More »

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина. Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили. Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим. Се додава дека воздушниот напад бил одбиен, а …

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија Read More »

Болсонаро пуштен од болница по лекување на бактериска кожна инфекција

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е пуштен од болница откако претходно вчера бил примен на лекување поради бактериска инфекција на кожата во северниот град Манаус, изјави неговиот портпарол Фабио Вајнгартен. Тој додаде дека Болсонаро од ноември 2022 година има еризипел – кожна болест, еден месец откако ги загуби претседателските избори од левичарот Луис Игнасио Лула …

Болсонаро пуштен од болница по лекување на бактериска кожна инфекција Read More »

Јапонија и Индија го отфрлија тврдењето на Бајден дека нивните земји се ксенофобични

Јапонија и Индија синоќа го отфрлија тврдењето на американскиот претседател Џо Бајден, кој ги нарече „ксенофобични“ земји, бидејќи не прифаќаат имигранти. Бајден ова го соопшти за време на неговата турнеја за собирање средства за претстојната претседателска кампања. Јапонија рече дека проценката на Бајден не се заснова на точното разбирање на политиката на земјата, додека Индија …

Јапонија и Индија го отфрлија тврдењето на Бајден дека нивните земји се ксенофобични Read More »

Кинескиот претседател Си Џинпинг во посета на Франција

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе пристигне во посета на Франција, при што францускиот претседател Емануел Макрон ќе се обиде да се договори со него за намалување на трговскиот дисбаланс и да влијае врз него да го искористи своето влијание врз Русија во врска со војната во Украина. Ниту една од двете цели нема да …

Кинескиот претседател Си Џинпинг во посета на Франција Read More »

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина

Италија останува на ставот дека нејзините сили нема да се мешаат во вооружениот конфликт во Украина, бидејќи во случај на натамошна ескалација, Рим би изгубил многу, изјави синоќа италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето. Во интервју за „Кориере дела сера“ тој истакна дека смета оти на Украина требало да и се помогне да избегне конфликт …

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина Read More »

Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија

Германскиот канцелар Олаф Шолц остро го осуди синоќа нападот во кој беше претепан европратеник од неговата германска Социјалдемократска партија и изрази загриженост дека ваквите акти на насилство се зголемуваат и „се закана“ за демократијата во земјата. „Мораме јасно да ставиме до знаење дека никогаш не смееме да трпиме такви акти на насилство“, рече Шолц на …

Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија Read More »

Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук

Министерството за внатрешни работи на Русија синоќа распиша потерница за командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук. Министерството вчера распиша потерница и по претседателот на Украина, Володимир Зеленски и поранешниот претседател, Петро Порошенко. По Пављук е распишана потерница поради „кривично дело“, но не е прецизирано за кое кривично дело, јавија руските медиуми. На 11 …

Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук Read More »

Во Каиро почнаа преговорите за прекин на огнот во Газа

Во Каиро почнаа преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на дел од заложниците кои Хамас ги зеде при нападот врз Израел на 7 октомври, јавија светските агенции, повикувајќи се на претставник на палестинското исламистичко движење. Делегацијата на Хамас денеска пристигна во египетската престолнина од Доха, каде е седиштето на политичкото раководство …

Во Каиро почнаа преговорите за прекин на огнот во Газа Read More »

Во Италија почнува 24-часовен штрајк на железницата

Од 21 часот вечерва до утре до 20:59 часот во Италија ќе има штрајк на железницата, соопштија италијанските медиуми. Нема да сообраќаат возовите на „Трениталија“ и на компаниите „Груп ФС“, „Трениталија Тпер“ и „Тренорд“. Вработените во железницата бараат подобрување на условите за работа. Штрајкот е на повик на синдикалната организација „Координација за самоорганизиран транспорт“. Патниците …

Во Италија почнува 24-часовен штрајк на железницата Read More »