Нема напредок во разговорите меѓу Хамас и Израел со посредниците во Каиро

Водачите на палестинската милитантна група Хамас не успеаја да постигнат напредок на вториот ден од разговорите во Каиро со посредниците од Египет и Катар за примирје со Израел и остануваат на барањето секој договор да вклучува крај на војната во Појасот Газа, соопштија палестинските власти. Неименуван палестински функционер запознаен со разговорите изјави дека делегација на …

Нема напредок во разговорите меѓу Хамас и Израел со посредниците во Каиро Read More »

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог – кој го има „украинското знаме на рамениците“ – ќе направи животот да ја победи смртта. „Да се …

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите Read More »

Возач загинал откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа

Возач загина синоќа откако со неговото возило удри во надворешната капија на Белата куќа, а случајот се истражува како сообраќајна несреќа и немало закана за резиденцијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, соопштија властите. Возачот бил пронајден мртов во возилото кое удрило во надворешната капија на Белата куќа, соопшти американската тајна служба. Полициската управа на Вашингтон …

Возач загинал откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа Read More »

Семејствата на заложниците го повикуваат Нетанјаху да обезбеди договор за примирје

Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица денеска на Денот на сеќавањето на Холокаустот, апелираше до премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху „да го игнорира целиот политички притисок“ и да се потсети на ветувањето „никогаш повеќе “ и да обезбеди договор за ослободување на Израелците земени како заложници во Газа. Од Форумот сметаат дека сега …

Семејствата на заложниците го повикуваат Нетанјаху да обезбеди договор за примирје Read More »

Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место

Францускиот бизнисмен Бернар Арно, кој има контролен пакет акции во холдингот „LVMH“, водечки светски производител на луксузна облека, е на првото место на ранг листата на најбогати луѓе во светот. Според објавената листа на милијардери на Блумберг, богатството на Арно изнесува 215 милијарди долари и од почетокот на годината е зголемено за седум милијарди долари. …

Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место Read More »

Унгарија е подготвена за претседавање со ЕУ, тврди унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, изјави денеска унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања, Пал Барна Жигмонд. Во објава на Фејсбук, тој истакна дека во сегашното политичко и економско опкружување, претседавањето со ЕУ ќе биде „возбудлив предизвик“, пренесува МТИ. Жигмонд го цитираше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој …

Унгарија е подготвена за претседавање со ЕУ, тврди унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања Read More »

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

Австралиската полиција соопшти денеска дека 16-годишен тинејџер бил убиен во интервенција на полициските службеници, откако доцна синоќа избодел со нож маж во Перт, главниот град на Западна Австралија. Има сомневање дека 16-годишникот, вооружен со кујнски нож, бил радикализиран преку Интернет, а нападот укажува на тероризам, соопштија локалните власти. „Нападот во предградието Вилетон имаше знаци на …

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам Read More »

Израелски функционер: Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен прекин на војната

Висок израелски функционер денеска изјави дека палестински Хамас „ја блокира секоја можност за договор за примирје“ инсистирајќи на целосен прекин на војната во Појасот Газа, за време на разговорите во Каиро во присуство на меѓународни посредници. „Информациите според кои Израел прифатил да стави крај на војната, како дел од договорот за размена на затвореници, или …

Израелски функционер: Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен прекин на војната Read More »

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите. Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и …

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас Read More »

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина. Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили. Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим. Се додава дека воздушниот напад бил одбиен, а …

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија Read More »