Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Русија останува отворена за дијалог за безбедност и стратешка стабилност со Западот, но само под еднакви услови, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Како што рече рускиот претседател (Владимир Путин), остануваме отворени за дијалог со Западот, особено за прашањата на безбедноста и стратешката стабилност. Сепак, тоа не треба да биде разговор од …

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови Read More »

Приведен 46-годишен дилер од Струмица

На 17.05.2024 во 12.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Љ.Ѓ.(46) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, црна прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од …

Приведен 46-годишен дилер од Струмица Read More »

ЕУ забрани уште четири руски медиуми поради ширење пропаганда

Европската Унија забрани емитување на програмата на уште четири руски медиуми во Унијата поради, како што се тврди, ширење пропаганда за инвазијата на Украина и дезинформации. Забраната на емитувањето се воведува пред изборите за Европскиот парламент. Најновата група медиуми чија работа е забранета се Гласот на Европа, РИА Новости, Известија и Расискаја газета, за кои …

ЕУ забрани уште четири руски медиуми поради ширење пропаганда Read More »

Во Газа за еден ден загинале 83 луѓе

Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе. Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица. Најголемиот број од жртвите се деца и жени.

Евакуирани околу 10 илјади луѓе од Харков

По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина. Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“. Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри …

Евакуирани околу 10 илјади луѓе од Харков Read More »

Напаѓачот на Фицо призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Цинтула беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот. Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Премиерот на Словачка, Роберт Фицо …

Напаѓачот на Фицо призна вина Read More »

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти. Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода. Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени. Под …

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан Read More »

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

Северна Кореја денеска потврди дека вчера тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. – Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА. Јужнокорејската армија вчера соопшти дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море. …

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување Read More »

Осуммина климатски активисти приведени на аеродромот во Минхен

Германската полиција приведе осум климатски активисти кои упаднаа на аеродромот во Минхен. Аеродромот по два часа повторно почна со работа, но можни се доцнења на некои летови. Шест климатски активисти се залепија на две места на пистата на аеродромот во Минхен. На еден од транспарентите пишуваше „Проблемот е владата, а не нашиот празник“. Протестот беше …

Осуммина климатски активисти приведени на аеродромот во Минхен Read More »

Официјален Баку бара Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан

Министерството за надворешни работи на Азербејџан вчера ги отфрли „навредливите обвиненија“ и повтори дека Баку не е поврзан со протестите во Нова Каледонија. – Наместо да го обвинува Азербејџан дека наводно ги поддржува протестите за независност во Нова Каледонија, Франција треба да се фокусира на неуспешната политика на прекуокеанските територии што доведе до такви протести. …

Официјален Баку бара Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан Read More »