Штипските пожарникари ова лето имале околу сто интервенции на отворено

Петпати повеќе интервенции се регистрирани ова лето во општините Штип и Карбинци за разлика од лани. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека пожарникарите речиси 100 пати интервенирале на пожари на отворено. Според него, ова лето бројот на пожари е рекорден, а со тоа и бројот на интервенции на штипските пожарникари. -Ова лето бројот на …

Штипските пожарникари ова лето имале околу сто интервенции на отворено Read More »

ВО ЖИВО | Избори 2024 – вести од минута во минута

Денеска македонските државјани гласаат на парламентарните избори, како и во вториот круг на изборите за претседател на државата. Во продолжение можете да ги следите ги најновите информации од минута во минута.

Во Општина Градско до 9 часот излезноста за претседател 8,05 за пратеници 8,03

Во Општина Градско на 11 избирачки места од 3019 запишани граѓани на Единствениот избирачки список за избор на претседател до 9 часот гласале 243 или 8,05 проценти, а од 3024 на списокот за пратеници до 9 часот гласале 8,03 проценти, информира за МИА Мери Седмакова Димовска, претседател на ОИК Градско. Појаснува дека сè се одвива …

Во Општина Градско до 9 часот излезноста за претседател 8,05 за пратеници 8,03 Read More »

Тошковски објави неколку нерегуларности поврзани со предизборниот молк

Нерегуларности поврзани со предизборниот молк во тек на вчерашниот ден регистрира Министерството за внатрешни работи, а дел од нив сподели и техничкиот министер Панче Тошковски. -Во текот на вчерашниот ден имаме повеќе незаконски активности на територија на Република Македонија пријавени до МВР, изјави денеска Тошковски по гласањето во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар. …

Тошковски објави неколку нерегуларности поврзани со предизборниот молк Read More »

Даштевски: Нема бојкот на претседателските избори, излезноста според процентите е иста

На првата прес конференција на Државната изборна комисија откако ги соопшти процентите и бројките за излезноста до 9 часот за претседателските и за парламентарните избори, претседателот Александар Даштевски констатираше дека нема бојкот на изборите за претседател, туку излезноста процентуално е иста со парламентарните избори. -Од тоа што го гледам, најверодостојно е, и апсолутно нема. Иста …

Даштевски: Нема бојкот на претседателските избори, излезноста според процентите е иста Read More »

ДИК: Излезноста до 9 часот намалена во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Денеска на 3480 гласачки места во 80 општеини на територијата на Македонија право на глас имаат 1814317 гласачи, за претседателските избори, а за парламентарните избори 181535о гласачи. -До 9 часот од пристигнатите податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 1009 ИМ од вкупно запишани 547041 гласачи на овие избирачки места гласале  22797 лица, …

ДИК: Излезноста до 9 часот намалена во однос на претходните избори за претседател и пратеници Read More »

ЈСП вози по неделен возен ред

Јавниот превоз во Скопје денеска ќе вози по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје . Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред

Согласно одлуката на владина седница, утрешниот ден е неработен поради одржување на Претседателските и Парламентарните избори, а јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред. -Ве информираме дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а Жичницата нема да работи, соопштија од ЈСП. Дежурни од седум до 14 часот ќе бидат …

ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред Read More »

Аеродром денеска под посебен сообраќаен режим

Во Скопје денеска ќе се одржи централното одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција. Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција во периодот од 8 до 18 часот ќе биде воведен пособен сообраќаен режим во овој дел од градот. Затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ …

Аеродром денеска под посебен сообраќаен режим Read More »

По повод Денот на полицијата утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Во Скопје утре од 08 до 18 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одбележување на 7 Мај – денот на полицијата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој временски период затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“. Единицата …

По повод Денот на полицијата утре посебен сообраќаен режим во Скопје Read More »

Предизборно ,,чудо” – мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Во предизборниот период мостот Беласица е целосно пуштен за сообраќај и покрај едногодишните натегања меѓу ЕСМ и Град Скопје кој треба да ја заврши таа работа, објави Телма. Последно Град Скопје соопшти дека се чека ЕСМ да ги постави цевките за да може по Беласица да се вози во двете ленти. Но, и без цевките …

Предизборно ,,чудо” – мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај Read More »

ВИДЕО: Организиран дочек на кинескиот претседател, колапс во Белград, метеж пред Палата Србија

Во палатата Србија започна собирот на граѓани за пречек на кинескиот претседател Си Џинпинг. Бранковиот мост е блокиран и ќе го надлетуваат хеликоптери, пренесе Данас. Кинескиот лидер беше пречекан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ , а по повод оваа важна посета се беше организирано на највисоко ниво. Авионот на кинескиот претседател беше придружуван од …

ВИДЕО: Организиран дочек на кинескиот претседател, колапс во Белград, метеж пред Палата Србија Read More »

Германија го зголеми бројот на работни визи за Западен Балкан

Германскиот пазар за труд  станува подостапен за Западен Балкан – земјата донесе одлука да го зголеми бројот на работни визи за жителите на Западен Балкан на 50.000 лица, со што германскиот пазар на труд ќе стане подостапен. Оваа одлука важи за граѓаните на Македонија, како и за Србија, Албанија, БИХ и Црна Гора. Регистрацијата за …

Германија го зголеми бројот на работни визи за Западен Балкан Read More »

Плевља најзагаден град во Европа, високо на листата и Тетово

Црногорските градови Плевља и Бјело Поље се најдоа на првото, односно на шестото место на листата на најзагадени градови во Европа, објавено е на страната Ворлд оф статистикс. Веднаш по Бјело Поље е Струмица на седмото место. Тетово пак е на деветтото. И Тузла во Босна и Херцеговина е меѓу најзагадените, односно на трето место.

ЕУ: Билатералните спорови не треба да го одложуваат пристапниот процес

Европската комисија се надева дека Мкедонија ќе ги започне пристапните преговори со ЕУ што е можно поскоро. Tие предупредуваат дека билатералните спорови не треба да го одложуваат пристапниот процес. Портпаролот на Комисијата, Ана Писонеро, ги повтори овие позиции на Комисијата на прес-конференцијата. Таа се осврна и на барањето на Бугарија Македонија да го вметне постоењето …

ЕУ: Билатералните спорови не треба да го одложуваат пристапниот процес Read More »

Рама: Парите што ги одобри ЕУ за Западен Балкан се нов импулс во процесот на проширување

Нов импулс во процесот на проширување е одлуката на Европскиот совет со која е одобрен планот за Западен Балкан – помош од шест милијарди евра – смета албанскиот премиер Еди Рама, пренесе МИА. Во објава на Платформата „Х“, Рама наведува дека неговата земја е подготвена да има корист од Планот за раст за Западен Балкан …

Рама: Парите што ги одобри ЕУ за Западен Балкан се нов импулс во процесот на проширување Read More »

Германија: Зачестени напади против локални политичари

Прво добрата вест: Матијас Еке, 41-годишниот политичар од СПД во сојузната покраина Саксонија, добро ја преживеал операцијата откако му беше скршена јаболчната коска и повредено окото. Кандидатот за парламентарните избори на ЕУ од 6-ти до 9-ти јуни, беше соборен и тешко повреден во петокот вечерта (3.05) во Дрезден при закачувањето изборни плакати. Според неговата покраинска …

Германија: Зачестени напади против локални политичари Read More »

Додека се бара решение за прекин на огнот: Израел повторно нападна

Oткако ја презеде контролата кај границата со Египет, каде што се водат преговорите за примирје, Израел денеска повторно нападна цели во Газа, иако траат разговорите за изнаоѓање решение за прекин на огнот. По неколку недели објавување на почетокот на копнената офанзива на пограничниот град Рафах, и покрај меѓународното противење, израелските тенкови вчера влегоа и презедоа …

Додека се бара решение за прекин на огнот: Израел повторно нападна Read More »

Монд: Кинескиот претседател во посета на „освоените територии“ – Србија и Унгарија

По Франција, Си Џинпинг ја продолжува европската турнеја со патување „на освоената територија“, а тоа се Србија и Унгарија, пишува парискиот весник „Монд“. „Кинескиот претседател избра со своето присуство да почести две земји со ограничена демографска и економска тежина, но чии двајца лидери, претседателот на Србија Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан користат многу …

Монд: Кинескиот претседател во посета на „освоените територии“ – Србија и Унгарија Read More »

САД знаеле за изменетиот предлог за прекин на огнот даден на Хамас?!

Изменетите елементи на египетско-катарски предлог за прекин на огнот во Газа, биле познати за САД ама не го информирале Израел, пред Хамас да го прифати предлогот во понеделникот, пишува американскиот портал Аксиос. Тројца израелски функционери тврдат дека соопштението на Хамас во понеделникот ја изненадило израелската Влада и дека Израел го добил текстот на одговорот на …

САД знаеле за изменетиот предлог за прекин на огнот даден на Хамас?! Read More »

Џон Свини избран за премиер на Шкотска

Џон Свини е избран за премиер на Шкотска, откако освои мнозинство гласови во Парламентот. Свини вчера беше избран за нов лидер на СНП, пренесе N1, дополнувајќи дека тој и претходно беше на чело на партијата, од 2000 до 2004 година. -Бидејќи мнозинството пратеници гласаа за Џон Свини, во име на Парламентот му честитам за неговата …

Џон Свини избран за премиер на Шкотска Read More »

Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра

Девизните резерви на крајот на април годинава изнесувале 4.329 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 41,9 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (58,7%), по што следуваат валутите и депозитите (30,1%) и монетарното злато (11,1%)

Венеција заработила речиси милион евра од наплатата на задолжителниот билет

Новововедената такса за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975.000 евра во првите 11 дена од пробниот период. Надоместокот кој првпат беше воведен на 25 април се наплаќа по стандардна цена од 5 евра. Градот вчера објави дека продал повеќе од 195.000 билети вкупно, што е малку над очекувањата, …

Венеција заработила речиси милион евра од наплатата на задолжителниот билет Read More »

Лебот нема да поскапи, но кој ќе го меси?

Во наредните месец – два, лебот нема да поскапи, но потоа повторно ќе се прави анализа на сите влезни трошоци, вели Горан Ѓоргиевски, претседател на Агробизнис комората при ССК. Производителите, додава тој, внимателно ги следат сите параметри, но и вестите кои доаѓаат од Украина и Русија, каде се водат воени дејствија, бидејќи не се знае …

Лебот нема да поскапи, но кој ќе го меси? Read More »

Нови цени на горивата

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати …

Нови цени на горивата Read More »

„Слатки“ вести: Цените на шеќерот во надолна линија

Цените на шеќерот на светските берзи веќе извесно време се на надолна патека. Најголемиот светски производител и извозник на шеќер, Бразил, во сезоната 2024/2025 година, да има послаба од очекуваната жетва на шеќерна трска, која сепак е доволна за рекордно ниво на финално производство на шеќер. Бразил, исто така, ќе преработи 686 милиони тони шеќерна …

„Слатки“ вести: Цените на шеќерот во надолна линија Read More »

Албанскиот театар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски

Албанскиот театар од Скопје на покана од Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија, во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски. -Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот АРТурбина, благодарение на маестралната игра …

Албанскиот театар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски Read More »

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Во Собранието на Северна Македонија попладнево беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на државата во областа на науката. Добитници се професор доктор Роберт Хадсон и професор доктор Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“, како и доктор Ана …

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката Read More »

Почина Пол Остер, авторот на „Њујоршката трилогија“

Наградуваниот американски романсиер и сценарист Пол Остер почина од компликации предизвикани од ракот на белите дробови во својот дом во Бруклин во вторникот вечерта на 77-годишна возраст, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на пријателот и писател Џеки Лајден. Писателот роден во Њу Џерси е познат по низата признаени дела, од кои „Њујоршката трилогија“, „Левијатан“, „Сансет …

Почина Пол Остер, авторот на „Њујоршката трилогија“ Read More »

Распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Министерството за култура распиша конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година. Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и …

Распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ Read More »

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“

На 27 април е третата и последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“. Во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ со почеток во 21 часот со концертен настап ќе се претстават „Macedonian Free Society“. Потребата за нов-креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачи израз, како соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја …

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ Read More »