• Хроника

Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка

Денеска (06.05.2024) во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода И.И.(52) од село Мелница, општина Чашка. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело ” поткуп при избори и гласање” по член 162 од КЗ …

Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка Read More »

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две постари лица

Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.

Бегалец од кумановскиот затвор вратен зад решетки

Синоќа во 22.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Д.М.(57) од село Долни Дисан, неготинско, поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Куманово каде што издржувал затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

Велисипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Вчера околу 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Ј.Д.(74) од Охрид и патничко возило „хјундаи “ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(28) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во …

Велисипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид Read More »

Тројца скопјани каснати од кучиња скитници

Во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден се регистрирани три случаи на каснување од бездомни кучиња на подрачјето на Скопје. Во 21.00 часот во Полициската станица Карпош, Б.К.И.(42) од Скопје пријавила дека на бул.„Илинден“ во Скопје била касната од куче скитник. Претходно во 18.00 часот во Полициската станица Чаир, П.П.(41) од Скопје пријавил дека …

Тројца скопјани каснати од кучиња скитници Read More »

Интервентната полиција синоќа апсеше дилери, „падна“ и малолетник

Во пет одделни случаи доцна синоќа полицијата во Скопјеуапси пет лица кај кои е пронајдена и одземена марихуана. Меѓу нив во полициска станица е спроведен и малолетник. Ноќеска по полноќ на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(26) од Скопје затоа што кај него …

Интервентната полиција синоќа апсеше дилери, „падна“ и малолетник Read More »

Двајца прилепчани уапсени со три килограми марихуана и автоматска пушка

Синоќа околу 21.30 часот на регионалниот пат Дебар – Струга, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Џепиште во координација со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Дебар ги лишиле од слобода Б.С.(34) и Д.Н.(36), двајцата од Прилеп. При преглед во возило „пежо“ со скопски …

Двајца прилепчани уапсени со три килограми марихуана и автоматска пушка Read More »

Страотна сообраќајка на патот Штип – Кочани: Загина маж, жената и децата се повредени

Триесет и деветгодишен возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани. Сопатничката и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница. Пријавата во СВР-Штип е во 02:24 часот, изјави за МИА Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип. Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, во …

Страотна сообраќајка на патот Штип – Кочани: Загина маж, жената и децата се повредени Read More »

Момче доби притвор откако тепал полицаец

Основниот суд во Кавадарци му определи притвор во траење од осум дена на момче од 18 години кој се тепал со полицаец и му нанел телесни повреди. Момчето се сомничи дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие. Двајца инспектори од МВР, на 2 мај,  влегле во куќа во Кавадарци за …

Момче доби притвор откако тепал полицаец Read More »

На булевар во Кичево украле банер со лого на политичка партија

Синоќа во 23 часот и 20 минути во Одделението за внатрешни работи Кичево, била пријавена кражба на банер со рекламен материјал со лого на една политичка партија и кандидати за пратеници од истата партија, поставен на булеварот „Ослободување” во Кичево. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, велат од МВР.