• Хроника

На булевар во Кичево украле банер со лого на политичка партија

Синоќа во 23 часот и 20 минути во Одделението за внатрешни работи Кичево, била пријавена кражба на банер со рекламен материјал со лого на една политичка партија и кандидати за пратеници од истата партија, поставен на булеварот „Ослободување” во Кичево. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, велат од МВР.

ЦУК: Пронајдено повозрасно лице изгубено на Плачковица

Во спасувачка потрага синоќа е пронајдено 66-годишно лице кое се изгубило на планината Плачковица. Како што денеска соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК),лицето е пронајдено околу еден часот по полноќ од страна на спасувачите од Доброволната планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани откако во 18:08 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во …

ЦУК: Пронајдено повозрасно лице изгубено на Плачковица Read More »

Полицаец со уште две лица учествувал во киднапирање и разбојништво во Скопје

Три лица, меѓу кои и полицаец, се осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода. Јавното обвинителство денеска соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела „разбојништво“ и „противправно лишување од слобода“. Двајцата се осомничени дека на …

Полицаец со уште две лица учествувал во киднапирање и разбојништво во Скопје Read More »

ВИДЕО: Куче падна во шахта и изгриза оптички кабли, без интернет останаа болницата „Филип Втори“ и поликлиниката „Букурешт“

Куче кое паднало во шахта, изгризало оптички кабли на „Македонски телеком“ и без интернет денеска околу 8 часот останале дел од ПЗУ „Филип Втори“ и поликлиниката „Букурешт“ во Скопје, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). „По пријава дека нема интернет во тој реон, вработените од „Телеком“, откако го лоцирале и пронашле проблемот …

ВИДЕО: Куче падна во шахта и изгриза оптички кабли, без интернет останаа болницата „Филип Втори“ и поликлиниката „Букурешт“ Read More »

Трагедија: Две жртви во сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип

Во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Радовиш-Штип загинаа двајца возачи, а сопатничка од едното возило е пренесена во штипската Болница. Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили „пасат“ и „опел“. „На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а сопатничка од патничкото …

Трагедија: Две жртви во сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип Read More »

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка

Сообраќајот на магистралниот пат Радовиш – Штип, во близина на „Алкопласт“, од 18:05 часот е во прекин, информира попладнево Авто мото сојузот на Македонија. Причина за прекинот, како што се наведува во соопштението, е сообраќајна незгода

Во Чаир нападнато цело семејство, им влегле во нивниот дом, ги тепале со тврд предмет

На 01.05.2024 во 23:00 часот во СВР Скопје, С.С.(28) од Скопје пријавила дека околу 18:30 часот во нивниот дом на подрачјето на Чаир, таа, нејзиниот татко Т.С, нејзиниот чичко Д.С., нејзинатата тетка М.А. и нејзината сестра С.С. биле физички нападнати. Според пријавата, тие биле нападнати од И.Р., Б.С.,С.С. ,О.С и И.С., сите од Скопје, кои …

Во Чаир нападнато цело семејство, им влегле во нивниот дом, ги тепале со тврд предмет Read More »

Кривична пријава против две лица за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата

Одделот за криминалистичка полиција, по наредба од Основното јавно обвинителство Битола презема предистражни дејствија и во координација со СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в од …

Кривична пријава против две лица за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата Read More »

Претрес во Битола, приведен дилер

Полициски слушбеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, вчера во 11.00 часот  го лишиле лицето Г.Н.(48) од Битола. При претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, ампули апаурин и ампули диазепам. Лицето било задржано во полициска станица и целосно документирање на случајот против него ќе биде …

Претрес во Битола, приведен дилер Read More »

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Во реката Вардар во близина на место викано „Јаниташ“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес вчераутро во 8:30 часот пронашле тело на починато машко лице. Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР. Увид …

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж Read More »