• Хроника

Кичевец се обидел со лажни евра да се коцка во казино во Охрид

Дваесет и осумгодишниот Р.Б. од Долно Страгомиште, Кичевско, е приведен откако во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид сакал да игра со лажни евра. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

„Мерцедес“ излета од патот Ќафасан-Подмолје, повредени пет лица од Албанија

Пет лица се повредени отако „мерцедес“ со албански таблички излетал од патот Ќафасан-Подмолје кај клучката Радожда. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи.

Спречен шверц на 53,3 килограми марихуана на Ќафасан

На граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, полицијата спречила шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Северна Македонија. -Во рамките на полициската акција уапсен е 46-годишниот Елтон Грабоцка жител на Корча, кој управувал со возилото тип „фолксваген“ каде ја сокрил дрогата поделена во повеќе пакувања. Како материјален доказ е одземена количината …

Спречен шверц на 53,3 килограми марихуана на Ќафасан Read More »

Фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња, полициска акција во Охрид

Службеници на СВР – Охрид во текот на вчерашниот ден извршиле претрес во дом и помошни простории на две лица од Охрид, осомничени дека се сторители на кривично дело злоупотреба на лични податоци и прекршоци на Изборниот законик Според соопштението од СВР – Охрид, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и …

Фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња, полициска акција во Охрид Read More »

На Велигден прегазен 74-годишен велосипедист во Охрид

Седумдесет и четиригодишен велосипедист е тешко повреден откако на Велигден бил прегазен во Охрид. „На 05.05.2024 околу 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Ј.Д.(74) од Охрид и патничко возило „хјундаи “ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(28) од Охрид. …

На Велигден прегазен 74-годишен велосипедист во Охрид Read More »

Тешко повреден тинејџер кој со „пасат“ излетал од патот Штип-Плачковица

Деветнаесетгодишно момче е тешко повредено откако со „пасат“ излетал од патот Штип-Плачковица. „На 06.05.2024 во 13.37 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Плачковица, на влез од с.Стар Караорман, штипско, патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(19) од с.Јонузлија, општина Карбинци, излетало од коловозот. Во несреќата …

Тешко повреден тинејџер кој со „пасат“ излетал од патот Штип-Плачковица Read More »

Малолетник прегазен во Велес, со тешки повреди пренесен во болница

Малолетник е тешко повреден откако вчеравечер беше прегазен во Велес. Како што информираат од МВР, вчера во 21.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35 – годишната М.Р. од Велес, удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди …

Малолетник прегазен во Велес, со тешки повреди пренесен во болница Read More »

Приведени четворица малолетници кои рекетирале деца

Полицијата вчера привела четворица малолетници од Скопје. Како што информираат од МВР, тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари. – Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на …

Приведени четворица малолетници кои рекетирале деца Read More »

МВР со детали за сообраќајката во Влае: 32-годишна жена се бори за живот

Триесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајка која се случи утрово во скопската населба Влае. Во сообраќајката со полесни повреди се здобиле уште две лица. „Денеска (07.05.2024) во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило …

МВР со детали за сообраќајката во Влае: 32-годишна жена се бори за живот Read More »

Тешка сообраќајка во „Влае“, едно од возилата е преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово кај мостот „Влајко“ во скопската населба Влае. Во сообраќајката учествувале две возила, од кои едното е пресечено на половина. Засега нема информации колку лица се повредени. Сообраќајот во овој дел од градот е отежнат и се пренасочува пред училиштето „Димо Хаџи Димов“, па на улицата „Адолф Циборовски“.