• Хроника

Пронајдена граната од Прва светска војна во Нов Дојран

Во Полициското одделение Нов Дојран, на 7 мај било пријавено дека во дворно место на ул. „Антон Панов“ во Нов Дојран била пронајдена експлозивна направа, која ден подоцна била безбедно подигната и отстранета од експерти за пиротехника на Дирекцијата за заштита и спасување. -На 08.05.2024 бил извршен увид на местото, а од пиротехничар од Дирекцијата …

Пронајдена граната од Прва светска војна во Нов Дојран Read More »

Делчевец загина откако излетал од патот Македонска Каменица-Виница

Четириесет и двегодишен делчевец загина вчера откако со „фолксваген тигуан“  излетал од патот Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“. Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот. Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа била пријавена синоќа во 22.20 во Полициската станица Виница. -На магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, …

Делчевец загина откако излетал од патот Македонска Каменица-Виница Read More »

Во полиција пријавени 10 исчезнати Непалци кои работеле во угостителски објект во Тетово

Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџер во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле 10 странски државјани од Непал, кои биле вработени во угостителскиот објект. Според пријавеното, тие на подрачјето пристигнале на 22.04.2024 и истиот ден престојот уредно го пријавиле во СВР Тетово. Се преземаат …

Во полиција пријавени 10 исчезнати Непалци кои работеле во угостителски објект во Тетово Read More »

Татко од гостиварско се заканувал со остар предмет кон своите три деца

Вчера во 11.40 часот во Полициско одделение Галате, А.А.(40) од гостиварска Ломница пријавил дека околу 10.25 часот во гостиварско Неготино, Б.Р. од с.Неготино агресивно се однесувал кон неговите три малолетни деца и им се заканил со остар предмет. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Кичевец се обидел со лажни евра да се коцка во казино во Охрид

Дваесет и осумгодишниот Р.Б. од Долно Страгомиште, Кичевско, е приведен откако во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид сакал да игра со лажни евра. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

„Мерцедес“ излета од патот Ќафасан-Подмолје, повредени пет лица од Албанија

Пет лица се повредени отако „мерцедес“ со албански таблички излетал од патот Ќафасан-Подмолје кај клучката Радожда. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи.

Спречен шверц на 53,3 килограми марихуана на Ќафасан

На граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, полицијата спречила шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Северна Македонија. -Во рамките на полициската акција уапсен е 46-годишниот Елтон Грабоцка жител на Корча, кој управувал со возилото тип „фолксваген“ каде ја сокрил дрогата поделена во повеќе пакувања. Како материјален доказ е одземена количината …

Спречен шверц на 53,3 килограми марихуана на Ќафасан Read More »

Фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња, полициска акција во Охрид

Службеници на СВР – Охрид во текот на вчерашниот ден извршиле претрес во дом и помошни простории на две лица од Охрид, осомничени дека се сторители на кривично дело злоупотреба на лични податоци и прекршоци на Изборниот законик Според соопштението од СВР – Охрид, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и …

Фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња, полициска акција во Охрид Read More »

На Велигден прегазен 74-годишен велосипедист во Охрид

Седумдесет и четиригодишен велосипедист е тешко повреден откако на Велигден бил прегазен во Охрид. „На 05.05.2024 околу 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Ј.Д.(74) од Охрид и патничко возило „хјундаи “ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(28) од Охрид. …

На Велигден прегазен 74-годишен велосипедист во Охрид Read More »

Тешко повреден тинејџер кој со „пасат“ излетал од патот Штип-Плачковица

Деветнаесетгодишно момче е тешко повредено откако со „пасат“ излетал од патот Штип-Плачковица. „На 06.05.2024 во 13.37 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Плачковица, на влез од с.Стар Караорман, штипско, патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(19) од с.Јонузлија, општина Карбинци, излетало од коловозот. Во несреќата …

Тешко повреден тинејџер кој со „пасат“ излетал од патот Штип-Плачковица Read More »