
Бутел Скопје од „минус пет“ до првиот триумф во Супер лигата
Ракометниот клуб Бутел Скопје ја оствари првата сезонска победа во македонската Супер лига, откако славеше на гостински терен кај РК Мулти Есенс во Автокоманда со 33:28.
Препорачано
Играчите на Горан Кузманоски во еден момент имаа негатива од пет гола, но до крајот на полувремето израмнија на 16:16. Во вториот дел РК Бутел Скопје го скрши отпорот на противникот комплетирајќи го пресвртот.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Димитар Ѓоргиевски, Лука Иваниќ и Филип Николов по шест голови.
На спротивната страна најефикасен беше Узунчев со осум погодоци, Димовски имаше пет голови, Јорданов реализира четирипати, а Карасманакис и Илиески погодија по три пати.
Во следното суперлигашко коло екипата на РК Мулти Есенс гостува кај РК Пролет 62, додека нов предизвик за Бутел Скопје ќе биде домашниот натпревар со Голден Арт.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5