Бушман побара одговорност од професорите за пропалестинските протести на студентите во Германија

Марко Бушман / Фото EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Германскиот министер за правда Марко Бушман ги критикуваше професорите за нивната улога во неодамнешните пропалестински протести на германските универзитети и повика тие да одговараат, јави ДПА.

Лично, би сакал професорите да ги охрабрат своите студенти да презентираат аргументи. Конкретно на универзитетите треба да е важен посилниот аргумент, а не погласниот крик, изјави министерот за медиумската група „Функе“, додавајќи дека не треба да има закани, навреди и одобрување кривични дела.

На германските универзитети продолжуваат протестите поради акциите на Израел воГаза, а студентите изразија солидарност со Палестинците.

Во четвртокот, полицијата расчисти делови од берлинскиот универзитет Хумболт кои беа окупирани од околу 150 пропалестински активисти.

Управата на универзитетот првично ги толерираше протестите и избра да стапи во дијалог со студентите и професорите, иако наиде на широки критики од политичарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот