Плакатот за настанот е дело на уметникот и стрип-цртач Михајло Димитриевски - Тхе Мичо

„Бункер“ по третпат ќе го организира настанот „Ден на бесплатни стрипови“

Стрип-книжарницата „Бункер“ на 7 октомври по третпат организира „Ден на бесплатни стрипови“. Претходно акцијата беше изведена во 2017 и 2022 година.

„Ден на бесплатни стрипови“ е најмасовниот настан во светот на стрипот – ден во годината кога во специјализираните книжарници за стрипови на посетителите им се делат бесплатни примероци.

Манифестацијата за првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата.

– Оваа година обезбедивме околу 700 стрипови кои ќе бидат поделени бесплатно. Во понудата е широк спектар на изданија наменети за различни возрасни групи. Бројката расте, бидејќи во акцијата се вклучуваат и голем број домашни издавачи и поединци. Настанот е закажан за сабота, 7 октомври, во стрип-книжарницата „Бункер“ со почеток во 10 часот и ќе трае до 15 часот или додека не се потрошат количествата. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“, секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови стрип-книжарницата „Бункер“ ќе понуди и 30 отсто попуст на целокупниот асортиман – објаснија од „Бункер“.

Исто така, и годинава во соработка со „Светот на Биби“ еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот