
Бугарија нема да има дополнителни услови и барања за Македонија, вели шефот на бугарската дипломатија
Министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев вели дека Бугарија нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапување на Република Македонија кон ЕУ. Според него, членството во ЕУ не е дадено, туку се базира на специфични критериуми и услови кои секоја земја кандидат мора да ги исполни.
Препорачано
Во однос на одложувањето на гласањето за извештајот на Европскиот парламент за Македонија, шефот на бугарската дипломатија рече дека тоа било на барање на известувачот Томас Вајц.
„Ние дадовме јасен сигнал дека Бугарија е конструктивна, знае што е добро за регионот и ќе ги следи таквите политики. Важна компонента на одлуката што ја донесе Народното собрание е дека немаме и не можеме да имаме дополнителни услови и барања за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ. Ова е јасен и доволен сигнал за нашата доследност, потврда на пораките што отсекогаш сме ги емитувале, и со ова одговараме од највисоката државна позиција во Бугарија на таканаречените загрижености на нашите партнери и пријатели преку западната граница, кои постојано ја изразуваа својата загриженост дека ако го променат својот Устав, Бугарија може да постави дополнителни услови. Ова не било, не е и нема да биде случај“ изјави Георгиев.
Минатата недела, Народното собрание на Бугарија усвои одлука според која државата останува целосно посветена на европскиот консензус од јули 2022 година. Според министерот Георгиев, Бугарија е свесна за важноста на проширувањето на ЕУ и европската интеграција на земјите од Западен Балкан, „но ние исто така го потврдуваме принципот на сопствени заслуги“.
На предлог на известувачот за Македонија, Томас Вајц, вчера Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава за 24 јуни.
Одложено гласањето за извештајот на ЕП за Македонија, на барање на Томас Вајц