Фото: EPA-EFE/MOURAD BALTI TOUATI

Буфон со револуционерен предлог: Време е да се размислува за зголемување на головите во фудбалот

Легендата на италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон даде револуционерен предлог со цел да се зголеми бројот на голови на натпреварите.

Според, славниот голман време е да се размислува за зголемување на головите.

„Мислам дека можеме да почнеме да размислуваме на таа тема. Голманите денес се многу поголеми, сите работат физички повеќе на себе, тешко се постигнува гол од далечина. Пред 30 години имаше по 10 гола на секои 50 удари. Денес три голови од 50 обиди е редок подвиг. Пред некој ден разговарав со моите блиски на оваа тема. Кога започнав во 1998 година бев еден од петте највисоки играчи во Серија А.

Димензиите на фудбалскиот гол се одредени уште во 1875 година. Но, тогаш голманите биле многу пониски од денес. Дури и во одбојката се разговара за промена на висината на мрежата, моите сестри играат одбојка и свесен сум за проблемот. Таму сервисот станува важен скоро како и во тенисот“, изјави Буфон.

Буфон е висок 192 сантиметри, а димензиите на голот денеска се 2.44 метри во височина и 7.32 во ширина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот