
Буфон призна: Зависник сум од обложување
Прославениот италијански голман Џанлуиџи Буфон (46) во разговор за „Кориере дело Спорт“ призна дека е зависник од обложување, но и дека боледувал од депресија.
Препорачано
Во разговорот по повод претставувањето на неговата автобиографија под името: „Џанлуиџи Буфон, падни, стани, падни стани“, славниот чувар на мрежата откри некои непознати детали.
„За одредени луѓе тоа е порок, за мене е адреналин. Во едно сум сигурен, никогаш не сум направил ништо противзаконски. Всушност никогаш не сум бил под истрага, ниту пак сум добил опомена. Се обложував само на кошарка и тенис, никогаш на фусбал“, изјави Буфон.
Потоа зборуваше и за проблемите со депресијата.
„Одбивав лекови, а ми беа потребни. Се плашев да не ми створат зависност. Одев на доктор само три или четири пати, но ми даде вреден совет: Негувај ги своите интереси, немој да се фокусираш само на фудбалот. Тогаш го открив сликањето“, изјави Буфон.
Буфон во овој момент е член на стручниот штаб на репрезентацијата на Италија која од клупата ја предводи Лучијано Спалети. Во својата кариера голот на Италија го чуваше дури на 176 натпревари, а успеа во 2006 година да стане и светски шампион.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
19мин
-
43мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5