
Бучковски: Резолуцијата на СДСМ е храбар чекор кон членството во ЕУ
Експремиерот Владо Бучковски ја смета резолуцијата на СДСМ верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде сериозен придонес во обликувањето на резолуцијата на СДСМ и покрај првичните изјави на премиерот Христијан Мицкоски.
Резолуцијата на СДСМ е чекор за надминување на самоблокадата во процесот за членство во ЕУ, којашто ни нанесува сериозни штети коишто ќе ги почувствуваме бргу ако не го фатиме следниот бран на проширување, вели поранешниот премиер и министер за одбрана, Владо Бучковски, во интервју за порталот „Рацин“.
Препорачано
Тој смета дека ова прашање, влезот на Македонија во Европската унија, треба да го врати на маса и предлогот кој егзистираше последните неколку години за голема коалиција која би имала единствено задача да го заврши успешно овој процес на преговори со Европската унија и Македонија да стане членка на унијата.
– За поздравување е овој чекор што го прави сега опозицијата. За мене намерата на Венко Филипче е понуда за излезно решение и за ВМРО ДПМНЕ која треба да се соочи со реалноста. Јас се плашам дека Република Северна Македонија, за жал, од лидер во регионот со која се гордееше меѓународната седница во 2005 година, кога ги собиравме сите пофалби и бевме реално лидер во целиот овој регион, да се доведеме во позиција да бидеме на дното без никакви шанси во евроинтегративниот процес – вели Бучковски.
Тој ја смета резолуцијата за храбар чекор и верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде сериозен придонес во обликувањето на таа резолуција и покрај првичните изјави на премиерот Мицкоски.