Фото: Profimedia

Брзо, лесно и неодоливо: Рецепт за унгарска пита со јаболка и цимет

Питата со јаболка е унгарски гастрономски класик, кој мириса на лимон и цимет. Тестото е многу едноставно и се подготвува од брашно, путер, шеќер, прашок за печиво, јајца и кора од лимон, што дава убава арома, исто како и ванилата, пишува „Пун куфер“.

Се додава и полномасна павлака, која ѝ дава сочност на питата. Најдобри јаболка за унгарска пита со јаболка се Грени Смит, Ајдаред, Пинк Лејди или Јонаголд, а откако ќе ги изрендате – додадете шеќер во прав и посипете со мелен цимет и сок од лимон. Оставете да отстои, јаболката ќе пуштат многу сок. Дополнително притиснете ги, но внимавајте да не претерате за филот да не биде премногу сув.

Потребни состојки:

Тесто:

  • 300 гр мазно брашно
  • 115 гр путер
  • 50 гр шеќер во прав
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 1 јајце
  • 1 лажица павлака + уште малку по потреба
  • 1 прстофат сол
  • 1 лажичка рендана кора од лимон

Фил:

  • 6 кисела јаболка со средна големина
  • 50 гр шеќер во прав
  • 1 лажичка цимет во прав
  • 4 супени лажици мелени ореви (по избор)
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 јајце за премачкување на тестото

Подготовка

Измешајте ги брашното и исечканиот путер со раце. Имајте на ум дека оваа смета ќе ви биде прилично ронлива.

Потоа додадете јајце, шеќер во прав, сол, екстракт од ванила, прашок за печиво, павлака и кора од лимон. Замесете тесто, а доколку е потребно – додадете уште брашно.

Поделете го тестото на две топчиња, покријте ги и оставете ги да одморат 20 минути. Излупете ги јаболката, извадете им ја средината со семки, па изрендајте ги. Додадете шеќер, цимет и сок од лимон. Добро измешајте и исцедете го сокот.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте го плехот за печење со путер и побрашнете го. На набрашнета површина развлечете еден дел од тестото во големина на плех (28х20 см) и ставете го во плехот. Над тестото посипете половина од мелените ореви (по желба). Распоредете ги јаболките преку тестото; посипете ги со останатите ореви.

Вториот дел од тестото развлечете го и ставете го над јаболката, затворете ги рабовите и направете цепнатинки. Тестото избоцкајте го со вилушка за да излезе пареата и премачкајте го со јајце.

Печете ја питата 30 минути, додека горната кора не стане малку златна. Оставете да се излади, па исечете ги на коцки, посипете со шеќер во прав и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот