Фото: Unsplash

Брз кето колач: Совршен за дијабетичари и за оние што сакаат да ослабнат

Сакате да го израдувате вашето семејство со едноставен за подготвување колач? Имаме предлог за вас.

Состојки:

– 4 јајца

– 100 грама урми

– 150 грама мелени ореви (лешници, бадеми)

– 50 грама кокос (кокосово брашно)

– 1 лажица какао

За глазура:

– 80 грама чоколадо со најмалку 80 отсто какао без шеќер и засладувачи

– 200 мл павлака за готвење, исклучиво млечна

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 200 степени за да се загрее. Изматете ги белките. Кога белките ќе се зацврстат, додадете ги жолчките и изматете. Потоа додадете мелени ореви, урми кои претходно добро сте ги изгмечиле и кокос, па сите состојки соединете ги со шпатула.

Ставете хартија за печење во мала тава (може да има дијаметар од 20 см) и сипете ја смесата. Печете околу 20 минути, проверувајќи со чепкалка за заби.

Направете глазура: Загрејте ја павлаката до вриење и прелијте ја со скршеното чоколадо. Мешајте додека не се растопи целосно и соединете со павлаката. Количината на слатката павлака може да биде помала, а потоа вкусот на чоколадото ќе се чувствува посилно.

Премачкајте ја тортата богато откако колачот и чоколадото малку ќе се изладат. Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот