
Бруклин Бекам проговори за врската со сопругата: „Ние сме среќни, луѓето секогаш ќе кажуваат глупави работи“
Бруклин Бекам коментираше за неговата врска со сопругата Никол Пелц Бекам, за која тврди дека му помогнала да остане фокусиран на работата. Двојката присуствуваше на натпреварот „Рајдер Куп“ на славните, а во таа прилика Бруклин зборуваше за тоа како се справува со животот во центарот на вниманието и како се справува со критиките, пренесува „Пипл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Секогаш ќе има луѓе кои ќе кажуваат негативни работи, но јас имам сопруга која многу ме поддржува. Таа и јас само си ја работиме нашата работа и сме среќни“, изјави тој.
Она што луѓето го кажуваат за неговиот приватен живот е нешто за кое Бруклин тврди дека не сака да се грижи бидејќи „сите секогаш ќе кажуваат глупави работи“.
Бруклин и Никола почнаа да се забавуваат во октомври 2019 година, а откако ја објавија својата свршувачка во 2020 година, се венчаа во април 2022 година во Флорида. Минатиот месец, двојката ги обнови своите брачни завети.
View this post on Instagram
„Настанот е посветен на оддавање почит на љубовта и посветеноста што ја изградиле заедно низ годините и создавање спомени што ќе останат со нив засекогаш“, изјавил извор близок до двојката.